Традиционално добрите односи на Србија со Русија, ширум ги отвори вратите за интервенција на Руската федерација, што за нив се покажа како правилна ориентација, додава Петковски во гостувањето на емисијата „Само вистина“.

Објавил: Перо Милчин | 7 јуни, 2022 6:19

Петковски: Забраната за прелет на Лавров е политика

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Мора да има политика. Целиот живот е организација на политика. Мислам дека ниту една земја нема да биде заобиколена во оваа ситуација.

Ова е глобална војна и симболичен почеток на Трета светска војна. Умира еден период од глобализација и тие последици ги чувствува и Македонија, вели поранешниот претседател на Собранието, Тито Петковски за забраната за прелет на рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров над воздушниот простор на Македонија.

Според Петковски, САД и Русија со години сакале да пенетрираат на Балканот.

Многу интереси се прекршуваат на Балканот. Ова е јасно ставено до знаење дека Русија не се откажува. Сега се чини сѐ за да не се случи и второто групирање во насока на ЕУ и целиот Западен Балкан да се интегрира. Oвој регион е интересен за сите. Глобалната поделба отсекогаш била овде да доминираат САД, отколку Русите. Традиционално добрите односи на Србија со Русија, ширум ги отвори вратите за интервенција на Руската федерација, што за нив се покажа како правилна ориентација, додава Петковски во гостувањето на емисијата „Само вистина“.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Политика

Министерот Бујар Османи неколку дена одбива да го објави Протоколот со Бугарија, иако претходно изјави дека е спремен веднаш, штом Владата го одобри предлогот, да организира средба со бугарската страна и да го потпише.

ОСМАНИ ГО КРИЕ ПРОТОКОЛОТ ЗАТОА ШТО ПРЕДВИДУВА УЧЕБНИЦИТЕ ДА СЕ ПИШУВААТ ВО БУГАРИЈА

ОСМАНИ ГО КРИЕ ПРОТОКОЛОТ ЗАТОА ШТО ПРЕДВИДУВА УЧЕБНИЦИТЕ ДА СЕ ПИШУВААТ ВО БУГАРИЈА! Министерот...

Кога се во прашање теми од врвен национален и државен интерес, како што е евроинтеграцискиот пат на државата, иднината на граѓаните и заштитата на македонскиот идентитет, потребна е одговорност, зрелост и државнички капацитет.

СДСМ: Мицкоски нема чувство за државност и одговорност

Предлогот на француското претседателство е објавен и граѓаните можат да се уверат...

Раководството на ДОМ едногласно донесе став дека овој предлог е неприфатлив и Владата треба да го отфрли.

Отворените прашања со Бугарија треба билатерално да се решаваат во добра волја, взаемна почит и согласно европските вредности. ДОМ останува на ставот дека за македонскиот јазик и идентитет не смее да се преговара.

Сметаме дека овој предлог ќе го претвори пристапниот процес за членство на Македонија во ЕУ во бескрајна агонија и го доведува во неизвесност и самото започнување на преговорите.

Доколку Владата го прифати овој т.н. француски предлог, ДОМ ќе ја напушти Владата и парламентарното мнозинство.

ДОМ - Канцеларија за односи со јавноста

ДОМ: Ќе ја напуштиме Владата ако се прифати францускиот предлог

На денешниот состанок на Извршниот одбор на ДОМ во проширен состав, се разгледуваше...

Од владејачката партија СДСМ пак порачаа дека лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски треба да се откажеод блокади и опструкции, бидејќи прашањето за избори е затворено и тие ќе се одржат во 2024 година!

ВМРО најавува протести низ цела држава, СДСМ им порачува да се откажат

ВМРО-ДПМНЕ најавува протести низ цела држава ако не се исполни нивното барање, да се...