Излезните анкети на бугарските агенции предвидуваат освојување на 23,5 проценти од гласовите за ГЕРБ, додека зад нив со 19,5 проценти е „Продолжуваме со промените“ на експремиерот Кирил Петков. Седум партии и коалиции ќе имаат свои пратеници во идниот 48. парламент.

Објавил: Весна Петровска | 3 октомври, 2022 5:49

Петков го призна поразот, нема да коалицира со ГЕРБ на Борисов

Фото/Текст извор: ©магазин.мк. Фото: EPA-EFE/VASSIL DONEV

Коалицијата ГЕРБ-СДС преводена од Бојко Борисов победи на предвремените парламентарни избори во Бугарија. 

Излезните анкети на бугарските агенции предвидуваат освојување на 23,5 проценти од гласовите за ГЕРБ, додека зад нив со 19,5 проценти е „Продолжуваме со промените“ на експремиерот Кирил Петков.

Седум партии и коалиции ќе имаат свои пратеници во идниот 48. парламент.

Од ГЕРБ засега не го коментираат изборниот резултат. Истакнаа дека ќе говорат по објавувањето на конечните резултати.

Аналитичарите велат дека ова е парламент со израмнети сили, и може да следи нов неуспех за формирање влада, и нови парламентарни избори.  Ниту претходната коалиција помеѓу „Продолжуваме со промените“, социјалистите и „Демократска Бугарија“ нема доволно мандати да формира мнозинство.

Кирил Петков го призна поразот

„Прво, сакам да им се заблагодарам на сите гласачи кои гласаа за ПП, но и на сите луѓе кои гласаа. Она што се случи денес всушност покажува дека огромен број луѓе продолжуваат да веруваат, како и ние, дека Бугарија може да биде поинаква, да биде успешна, да биде просперитетна, да не ја јаде корупцијата“, рече копретседателот на „Продолжуваме со промената“ Кирил Петков во првиот говор по завршувањето на изборниот ден.

Тој е категоричен дека нема да коалицира со ДПС и ГЕРБ.

Според него, ГЕРБ-СДС како прва политичка сила треба да преземе одговорност и да формира владина коалиција.

„Продолжуваме со промената“ загуби на изборите – рече другиот копретседавач на коалицијата Асен Василев на прес-конференцијата по завршувањето на изборниот ден. Според Василев, важно е земјата да има стабилна влада:

„Јасно кажуваме дека ги загубивме изборите – за 3 отсто, како што минатиот пат ги добивме со 3 проценти, земајќи ги предвид гласовите од странство. Отсега ни претстои тешка зима, сакам да му посакам на ГЕРБ успех во формирањето на владата, бидејќи нивниот успех е успех за сите Бугари“.

Ова се четврти избори во Бугарија во последните година и половина. Излезноста беше за 3 до 5 проценти помала од изборите во ноември минатата година.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

Оштетени се и капацитетите за пренос на енергија. Како резултат на тоа, огромното мнозинство од потрошувачите останаа без електрична енергија. Недостигот на струја може да влијае и на греењето и снабдувањето со вода“, соопшти министерството.

Безмалку цела Украина е во мрак, речиси сите електрани се затворени

Денешниот руски ракетен напад врз енергетската инфраструктура на Украина доведе до...

Во моментов во Бали се одржува самит на Г20, а на состанокот на Г7, покрај Бајден, присуствуваа и лидерите на Канада, Европската комисија, Европскиот совет, Франција, Германија, Италија, Јапонија, Холандија, Шпанија, Велика Британија.

Светските лидери одржаа итен состанок по падот на проектили во Полска

Белата куќа официјално соопшти дека американскиот претседател Џо Бајден свикал итен...

Кудрицки рече дека Украина го проследи списокот со опрема што му е потребна на регионот Херсон до меѓународните партнери, од кои Полска и Франција веќе одговорија.

Украина: Русите пред да побегнат ја уништија главната електрана во Херсон

Електраната што го снабдуваше со електрична енергија целиот десен брег во регионот...