Педесетницата се нарекува уште и „крај на празниците“, ден преку кој се довршува историјата на Спасението остварено преку Исус Христос токму поради тоа што православното учење како една службите на Месијата го назначува токму крштевањето преку Светиот Дух, односно Негово излевање врз човештвото. Иако Духот делува и пред и по Педесетницата, на овој ден Тој се покажува во Својот ипостас, а сѐ со цел самата историја на Спасението да се направи совршена. На овој ден започнува икономијата на Светиот Дух, Тој е Оној Кој го собира Божјиот народ во телото Христово, односно Црквата.

Објавил: Катерина Крстиќ | 5 јуни, 2020 10:10

Петок пред Духовден: Oбичаи што треба да ги испочитувате!

Фото/Текст извор: ©КУРИР.МК

Духовден е еден од најголемите 12 христијански празници. Се нарекува уште и Педесетница и е еден од најрадосните и најсветли празници во христијанството во кој се слави слегувањето на Светиот Дух врз апостолите на педесеттиот ден од Христовото воскресение. Овој настан претставува исполнување на старозаветните месијански пророштва.

Педесетницата се нарекува уште и „крај на празниците“, ден преку кој се довршува историјата на Спасението остварено преку Исус Христос токму поради тоа што православното учење како една службите на Месијата го назначува токму крштевањето преку Светиот Дух, односно Негово излевање врз човештвото. Иако Духот делува и пред и по Педесетницата, на овој ден Тој се покажува во Својот ипостас, а сѐ со цел самата историја на Спасението да се направи совршена. На овој ден започнува икономијата на Светиот Дух, Тој е Оној Кој го собира Божјиот народ во телото Христово, односно Црквата.

Обичаи

Задушница (Мртва сабота, Мртвен, Мртвени дни — деновите во кои според народните верувања душите на покојните претци и блиски доаѓаат од оној свет кај своите блиски барајќи од нив храна, пијалак, затоплување, чистење (капење) итн. Се верувало дека заборавањето на душите на покојните може да предизвика суши, поплави, немаштија, болести и други несреќи. Кај народот постојат две примарни (пролетна и есенска) задушници, но задушниците поврзани со Духовден се официјално признати од црквата, па биле прифатени и од народот. Ваквата средба со душите на починатите се обавувала на гробовите со палење на свеќи, кадење на гробот, посипување на вино врз него, кршење на орев како хтоничен плод со кој се повикуваат душите на средба, со обредни лепчиња, со раздавање на храна и ритуален оброк заедно со мртвите.

Во Скопје и Скопско домаќинките во петок пред зори месат мали благи лепчиња, кои пред да се раздени се носат на соседите и на пријателите. Тие треба да се изедат на гладно за да им се најде на тие што не се живи. Лепчињата треба да бидат меки, благи и топли како душата. Потоа попладне се посетуваат гробовите на починатите членови од семејството каде што се носат посни раздавки.

Во сабота наутро, освен продуктите за раздавање, кои се делат за да му се најде на покојникот, се носи и пченица и вино. В недела, пак, по полноќ, на гробишта се носат млади гранки од оревово дрво, со кои се поминува целото гробно место. Порано се носеа бардачиња и каленици од глина, кои се полнеа со јагоди и цреши.

Сега тие се заменети со стаклени или керамички садови кои може да држат вода, а се даваат на најдобриот пријател на покојникот. Важно е еден од продуктите што се даваат за душа на покојникот да биде домашен, односно да е замесено лепче или пита или нешто што многу го претпочитал покојникот.

Обичаите и верувањата на битолчани за време на духовденските празнувања се раздавање храна за душа на покојните, бдеење на гробовите до пред изгрејсонце и коленичење за време на црковната служба зашто веруваат дека духовите на покојните одат на причесна.

Постарите битолчани раскажуваат дека подготовките за празникот почнуваат уште пред Спасовден кога се купуваат дарови за душа на покојните. Кај луѓето во овој крај од дамнина останало верување меѓу народот дека на Спасовден излегуваат духовите, па затоа претходно се купуваат чаши, маици, крпи, шолји. Во петокот пред Духовден се опеваат покојните, а другиот ден, во саботата, на Задушница се раздаваат даровите. На гробишта се носат храна, лепче, маслинки, сирење, кашкавал, јагоди и цреши и купените предмети кои се раздаваат на блиски.

В недела на Духовден пред да изгрее сонцето уште во темнината ги мијат гробовите на покојните со гранки од маслинки и ореви. На тој начин симболично се мијат починатите роднини. В недела се служи во црквата голема литургија, подот во храмот е послан со лисја од ореви и маслинки.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

Според Мицкоски, ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За обнова на Македонија“ победија во 41 општина. ВМРО-ДПМНЕ заедно со Коалицијата победи во Скопје, победи во Ѓорче Петров, во Бутел, Гази Баба, Аеродром, Кисела Вода, Сопиште, Петровец, Илинден, победивме во Македонски Брод, во Велес, Карбинци, Виница, Кратово, Зелениково, Македонска Каменица, Зрновце, Пробиштип, Пехчево. Победивме во Свети Николе, Штип, Чешиново – Облешево. Победивме во Босилово, Гевгелија, Градско, Демир Капија, Василево, Росоман, Кавадарци, Кривогаштани, Могила, Неготино.

МИЦКОСКИ: ВМРО-ДПМНЕ го има најголемиот кредибилитет да се бори за состав на новата Влада

Народот се определи за промени и за тоа дека живееме во реалност која е тешка и мачна...

Факт е дека изборниот резултат што го постигна ДУИ, му дава за право да ја зголеми својата фактура, но не верувам дека до крај ќ еинсистира на позицијата за избор на премиер Албанец, поради тоа што СДСМ реално и попбеди на изборите“, вели Муслиу.

МУСЛИУ ЗА ФАКТОР: Изборите нема да се повторат, ДУИ нема да оди до крај со идејата за премиер Албанец!

Во изјава за Фактор.мк политичкиот аналитичар Алберт Муслиу вели дека по вчерашните...

Еден пратеник на ВМРО-ДПМНЕ И СДСМ чини околу 7000 гласа, а еден пратеник на Левица чини скоро 19 000 гласа односно два ипол пати повеќе. Алијанса и Алтернатива кои имаат два пати повеќе гласови од Левица имаат 6 пати повеќе мандати или 12 вкупно.

ДИК ќе добие тужба од Левица: Апасиев обвини за НЕВИДЕН ИЗБОРЕН ГРАБЕЖ

На денешната прес-конференција претседателот на Левица Димитар Апасиев истакна дека...

Ограничувањата се „од превентивни причини за заштита на јавното здравје од дополнително ширење на коронавирусот Ковид-19 на грчка територија за временскиот период од 16 јули 2020 година до 31 јули 2020 година”.

Грција ја продолжи забраната за авионско, железничко и копнено поврзување со Македонија до 31 јули

Грција го продолжи до 31 јули 2020 година привременото ограничување на сите авионски,...