Заморот од динамичните денови, состаноци и службени патувања кои се составен дел од мојата работа, немаат никакво влијание врз потребата да поминам квалитетно време со моите деца секојдневно. Нивните потреби, нивниот образовен пат и нивната потреба од разговор, мајчинска љубов и внимание секогаш имаат приоритет.

Во вечерните часови сакам да бидам со моите пријатели во мирна и опуштена атмосфера, иако се потешко наоѓам слободно време. Но, моите блиски и сакани луѓе секогаш имаат разбирање.



Денот ми завршува многу доцна, понекогаш на повидок е наредниот ден. Од сопствената креативна енергија за создавање на нови нешта не можам да побегнам. И така постојано во круг.

Но, затоа тука се викендите кога бегам од градската гужва и се препуштам на мирот и спокојот кој го црпам од природата. Уживам во зеленилото на шумите или синилото на водите кои ми овозможуваат да ја оддржувам мојата емоитвна и ментална хармонија.

Објавил: admin@magazin | 7 март, 2022 7:01

(ФОТО)Петре Шилегов се потсети на младоста

Фото/Текст извор: ©ж.магазин

Поранешниот градоначалник на Скопје, Петре Шилегов, со фотка на Фејсбук се потсети на младоста.

На фотографијата е со неговата сопруга Јасмина Шилегова, а покрај неа напиша стих од песна на групата Екатерина Велика:
„Pre samo par godina za nas”!

Спомени на Шилегов и неговата сопруга Јасмина Шилегова!

Неодамна сопругата на Шилегов, Јасмина Шилегова за Женски магазин раскажа како и започнува денот.

Јас сум од оние луѓе на кои не им треба многу сон за да можат да функционираат цел ден(се смее). Денот ми почнува многу рано, кога со првото кафе успеваме со мојот сопруг во мир и тишина , пред да почнат да ѕвонат телефоните и додека децата спијат, да одвоиме половина час само за нас. Тоа е период од денот во кој може да се посветиме на теми кои се од приоритет за нас и нашите деца.

Потоа почнувам денот да го живеам динамично исполнет со креативен хаос. Скоро секој ден ми е различен во зависност од работната агенда во одреден период. Бидејќи мојата работа е поврзана со менаџирање на едукативни центри во кои се реализираат програми за деца кои се меѓу најквалитетните едукативни програми во светски размери, секогаш се трудам да бидам во тек со новините на едукативен план во светот. Љубовта кон децата и желбата да им се пружи најдоброто во едукацијата, со цел да создадеме нови генерации на деца кои ќе бидат подготвени за новите позитивни трендови во светот е мојата мотивација постојано да се едуцирам и да работам на тој план. Опкружена сум со книги за ран детски развој, мозочен развој, техники за ефикасно памтење, развој на билингвализам и негови позитивни ефекти.. Така, овие денови ја читам книгата „Склад ума и тела“ од Тони Бузан.

Заморот од динамичните денови, состаноци и службени патувања кои се составен дел од мојата работа, немаат никакво влијание врз потребата да поминам квалитетно време со моите деца секојдневно. Нивните потреби, нивниот образовен пат и нивната потреба од разговор, мајчинска љубов и внимание секогаш имаат приоритет.

Во вечерните часови сакам да бидам со моите пријатели во мирна и опуштена атмосфера, иако се потешко наоѓам слободно време. Но, моите блиски и сакани луѓе секогаш имаат разбирање.

Денот ми завршува многу доцна, понекогаш на повидок е наредниот ден. Од сопствената креативна енергија за создавање на нови нешта не можам да побегнам. И така постојано во круг.

Но, затоа тука се викендите кога бегам од градската гужва и се препуштам на мирот и спокојот кој го црпам од природата. Уживам во зеленилото на шумите или синилото на водите кои ми овозможуваат да ја оддржувам мојата емоитвна и ментална хармонија.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Интересно