На два дена пред изборите

Објавил: Калина Мартинска | 28 јуни, 2024 18:54

Петровска бара одложување на изборите за претседател на СДСМ и формирање привремено раководство

Фото/Текст извор: ©magazin.mk

Да се одложат внатрепартиските избори закажани за в недела и да се формира времено раководство на СДСМ, побара Славјанка Петровска, која по средбата со централна изборна комисија соопшти дека се повлекува од трката и ги повика останатите тројца кандидати да го сторат истото.

На два дена пред изборите за прв човек на Бихаќка, единствената жена кандидат за лидерската позиција Славјанка Петровска со барање да не се одржат внатрепартиските избори и да се формира привремено партиско раководство.

Тврди дека  изборниот процес бил нефер, бидејќи еден од противкандидатите имал пристап до базата на податоци и ги злоупотребувал личните податоци на членовите на партијата.

Во определени општински организации се појавија одреден број на гласачи, кои не побарале да бидат регистрирани, некој користејќи ги алатките, во нивно име ги регистрирал. Петровска вели ако сепак се одржат изборите в недела таа нема да гласа, иако нејзиното име ќе го има на избирачкиот список бидејќи материјалите веќе се испечатени.

Еден од нејзините противкандидати Јован Деспотовски за ТВ 24  вели дека не ги видел аргументите и доказите за наводните нерегуларности на Петровска, но сепак не гледа причина да не учествува на изборите в недела.

Побаравме официјално од партијата односно од ЦИК да се овозможи секој член на СДСМ којшто во недела ќе дојде на гласање со важечка лична карта ,а го има на списокот членови, да може да си го оствари своето статутарно и граѓанско право на глас. Се уште немаме официјален писмен одговор од партијата за предлогот. Очекувам дека внимателно ќе се разгледа и прифати бидејќи тоа е интерес на СДСМ и не мислам дека СДСМ во овој период го има луксузот да си дозволи  одвраќање на луѓе од избирачките места- вели Деспотовски.

Останатите двајца кандидати Венко Филипче и Александар Бајдевски не одговорија на како ќе реагираат на барањето на Петровска.

Претседателката на изборната комисија Викторија Аврамовска Мадиќ вели добиле 40 тина приговори, дел биле прифатени, а дел не.  Процесот тврди е легитимен и партиските избори во недела ќе се одржат.

СДСМ во недела треба да избере наследник на Димитар Ковачевски, по историски најголемиот пораз на партијата на 8 мај. Избирачкиот список којшто ќе се најде на избирачките места во недела ќе брои 23.373 акредитирани членови на СДСМ кои ќе гласаат на  77 избирачки места. Новиот лидер на СДСМ ќе има мандат само до март, бидејќи партијата не успеа да обезбеди кворум на конгресот за да го смени статутот.

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.