
Македонија
Вести
Битолската градоначалничка Наташа Петровска му ги врати на градоначалникот на Скопје Петре Шилегов старите црвени автобуси од ЈСП „Скопје“.
Тие и беа подарени во почетокот на октомври, за да помогнат во линискиот и школскиот превоз, кога превозниците излегоа на протести и изјавија дека нема да возат по новиот предлог-тарифник. Иако имаше бројни критики во јавноста за нивната дотраеност, превозниците уште следниот ден продолжија со превозот.
Автобусите беа позајмени за да одговориме на ситуацијата во која се најдовме во тој критичен период. Откако ја наминавме таа ситуација, заклучивме дека истите нема потреба да престојуваат во нашата општина и да носиме одговорност за нив, па ги вративме. – рече Петровска.
Автобусите беа пуштени во сообраќај во неколку наврати да земат ученици од места каде немаше линиски превоз.
Ученичкиот превоз е еден од најголемите предизвици пред кои е исправена локалната власт во Битола, тој да се организира законски и по прифатливи, пазарни цени. Општината вчера одлучи да ги раскине договорите со превозниците кои вршат општински линиски превоз и превоз на ученици.
Тие ќе возат уште три месеци по старите договори, додека не им истече отказниот рок, по што ќе се бара ново решение.
Петровска на почетокот не говореше исто. Таа објави дека Битола ќе оформи ново Јавно претпријатие и дека сама ќе стопанисува со јавниот превоз. Иако низ комична вечер кога заврши трагично, Петровска за подарените а не позајмени автобуси му се заблагодари на Шилегов лично.
Фала ти Петре за трите крш автобуси што ми ги подари. Си ми ги оставил и отчитувачите и сега не знам како да наплатувам. А најстрашно од се е што на нив пишува ‘скопска’, а во Битола тоа звучи лошо. Ама да не застане тука нашата соработка. Сакам да ми дадеш и една галија. – му порача Петровска на Шилегов.
Бесплатниот школски превоз натрупа долгови во битолското образование па битолчани се гневни што иако имаа каков таков превоз за своите деца што е законска обврска останаа и без скопскиот крш од автобуси од минатиот милениум, низ цинизам коментирајќи дека сега ја чекаат Галијата.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.