Според Петровски, за нов лидер на ВМРО-ДПМНЕ се подготвува Александар Николоски, потпретседател на оваа партија.

Објавил: Рејхан Бајрами | 22 ноември, 2020 22:23

Петровски тврди дека ќе има смена на Мицкоски, Николоски ќе биде новиот лидер на ВМРО-ДПМНЕ!

Фото/Текст извор: ©21 tv

Опозициската ВМРО ДПМНЕ подготвува смена на актуелниот лидер на партијата, Христијан Мицкоски, а на тоа кумува поранешниот претседател на партијата, Никола Груевски. Ова го тврди поранешен функционер во ВМРО-ДПМНЕ, Филип Петровски.

Според Петровски, за нов лидер на ВМРО-ДПМНЕ се подготвува Александар Николоски, потпретседател на оваа партија.

„Тука е спомнат Александар Николоски, кој што е новото милениче на Груевски, за кој што се зборува дека по абдицирањето на Мицкоски, треба да биде неговиот нов наследник, нели, со амин од Груевски, за тој да го задржи своето влијание во партијата. Моите информации говорат дека Николоски работи на создавање на коалиција, на создавање на медиуми, на прибирање на новинари и на влијателни луѓе кои тоа би го поддржале и егзекутирале. Тоа Мицкоски го знае и мислам дека е свесен дека не може да избега од тоа доколку промената се случи.“, рече Петровски.

Според Петровски, тоа е тотално неприфатливо за ВМРО-ДПМНЕ и ќе биде погубно, бидејќи како што вели, партијата е во многу лоша состојба сега.

ТВ21 контактираше и со потпретседателот Александар Николовски, кој во кратка изјава рече дека се работи за класична лага и манипулација.

Воедно, извори од владеачката партија по повод изјавата на Петровски велат дека не сакаат да ги коментираат внатрешните случувања во партијата, бидејќи како што велат, не сакаат да се мешаат во нивните работи.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Интервју

Истовремено, тој посочи дека не треба да се бојкотира пописот и не треба опозицијата да се заканува, со оглед на тоа што пописот е обврска на граѓаните.

Заев: Имаме капацитет за организирање на пописот кој ќе се случи на пролет, на безбеден и добро организиран начин според стандарди

„Ние имаме капацитет за организирање на оваа сложена операција, го проверивме на избори,...

Никогаш не зборувал отворено за неговите три деца - каква врска има со најстариот Данило, зошто е премногу заштитнички настроен кон својата ќерка Милица и како игра со најмладиот Вукан.

ИНТЕРВЈУ СО СРПСКИОТ ПРЕТСЕДАТЕЛ: Еве како Вучиќ ја слави Новата година и какви подароци купи за неговите деца

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, обично го гледаме сериозен и строг во неговите...

Владата проектира удвојување на економскиот раст, од просечна стапка од 2-2,5% во изминатите 10 години да се стигне до 4-5% раст во наредниот период.

Заев за македонското издание „Економист“: Градиме општество на здрави темели со стратешко планирање и искористување на сопствените ресурси

„Човечкиот капитал, квалитетот на секој поединец во својата област, дополнително...