Денес живее на Водно, инвестира во згради, маркети и хотели во регионот како среден бизнисмен, а повремено и наменски, коментира национални теми по порачка.

Објавил: Стојче Бушин | 15 октомври, 2020 8:34

ПЕТРОВ: Заев стана поголем врховист и колаборационист и од Љубчо Георгиевски, а СДСМ стана албанска партија

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

ВРХОВИСТИТЕ НА (С)ЦЕНА ВО МАКЕДОНИЈА!

Македонија не пати од дефицит на демократија, туку од суфицит на врховизам. А, врховизмот не е етничко, туку гео-политичко прашање.

Врховизмот значи сервилност на определена номенклатура, која во отсуство на доверба од сопствениот електорат, мандат за власт со Македонија бара од некоја туѓа и друга метропола. Во 20 век тоа биле Белград, Софија и Атина, а во 21 век тоа се Брисел и Стразбур.

Да биде поразбирливо…

Во 1893 година, во македонскиот град Солун се формира Македонската револуционерна организација, нам позната како ВМРО, се избира Централен комитет на МРО односно ВМРО. Биле за суверена и самостојна држава Македонија, за Македонија на Македонците! Две години подоцна, во 1895 година, под менторство на бугарскиот кнез Фердинанд, поради неизживеаната романса за Санстефанска Бугарија, во Софија се формира Врховен комитет на ВМРО. И тие биле за Македонија, ама во рамките на Бугарија, со Македонците како “бугари“.

И, започнува децениската братоубиствена војна меѓу централистите и врховистите.

Иста е судбината на Македонија и денес. Се’ уште има колаборационисти и врховисти кои заедно со Софија сонуваат за Голема Бугарија, со: Македонија како дел од Бугарија, Македонците како “бугари“ и Македонскиот јазик како дијалект на бугарскиот јазик.

Љубчо Георгиевски својата кариера во ВМРО-ДПМНЕ ја започна со македонските фаланги на Филип и Александар Македонски од Македонија се’ до Индија…

Но, за жал, стигна само до бугарското државјанство во Софија. Се прослави со проектот за внатрешна редистрибуција на населението на етничка основа во Македонија и за размена на територии со Албанија: Дебар, Тетово и Гостивар од Македонија да ги даде на Албанија, а Мала Преспа да ја добие од Албанија во Македонија.

Самиот призна дека тие проекции ги договарал со српскиот премиер сега покоен Зоран Џинџич. Кажа и жив остана.

Денес живее на Водно, инвестира во згради, маркети и хотели во регионот како среден бизнисмен, а повремено и наменски, коментира национални теми по порачка.

Штафетната палка на неоврховизмот од Љубчо Георгиевски, ја презеде лидерот на СДСМ Зоран Заев. Склучи договор со бугарскиот премиер Бојко Борисов, личниот телохранител на комунистичкиот бугарски лидер Тодор Живков. Со договорот не се признаваат Македонците во Пиринскиот дел на Македонија односно Република Бугарија, договорено е формирање на билатерална комисија за ревизија на јазикот, културата и историјата на Македонскиот народ и на Македонија. Зоран

Заев стана поголем врховист и колаборационист и од Љубчо Георгиевски.

За Зоран Заев СДСМ повеќе не е македонска ниту патриотска партија, СДСМ стана апатриотска и албанска партија.

За мандатот за Влада, пред менторот Калето, вети и склучи Договор со Бојко Борисов, речиси ја спроведе “тиранската платформа“ за прогласување на албанскиот јазик за службен јазик на целата територија на Македонија и во нејзините меѓународни односи и склучи Договор со Атина за промена на името на државата и идентитетот на нацијата. Допрва ќе видиме какви концесии дал пред Берлин за прифат на бегалци и мигранти од Блискиот Исток, Африка и Азија во Македонија…

Се’ останато е веќе видено, чуено и познато… Апокалипсата продложува, на повидок е расплет и разврска…

Пратениците и членовите на Владата за кривичните дела велепредавство, геноцид врз Македонскиот народ и злосторство против човештвото, кога и да е, ќе одговараат со доживотен затвор и конфискација на личниот имот и имотот на членовите на семејството дома и во светот.

Никогаш северна, само Македонија вечна од исконот до бескрајот! Амин!

Пишува: Тодор Петров

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Колумна

СМК бара итна корекција на методологијата на пресметка на стапката на смртност од корона вирусот, имајќи предвид дека тоа создава погрешна претстава за пандемијата со корона виурусот во Македонија пред европската и светската јавност!

Одговорност до владата за погрешната методологија на пресметка на стапката на смртност од корона вирусот во Македонија

Светскиот Македонски Конгрес (СМК) бара одговорност од Владата и министерот за здравство...

Говорот на американскиот претседател Доналд Трамп на 74. Генерално собрание на Обединетите Нации од 24 септември 2019 година е сведоштво за оваа вистина..

СВЕТОТ НЕ ИМ ПРИПАЃА НА ГЛОБАЛИСТИТЕ ТУКУ НА ПАТРИОТИТЕ!

Големината на една цивилизација е во универзалноста на нејзините вредности. А, универзални...

СМК повторува, дека Македонците никогаш не биле, не се и нема да бидат Бугари, ниту било кога ќе прифатат таква конструкција од кујната на Заев и Борисов заради членство во Европската Унија!

ПЕТРОВ: Договорот Заев-Борисов е велепредавство на нацијата и државата

БУГАРСКАТА АГРЕСИЈА ВРЗ МАКЕДОНЦИТЕ И МАКЕДОНИЈА ПРОДОЛЖУВА! 25 октомври 2020 година,...

Македонија не пати од дефицит на демократија, туку од суфицит на врховизам. А, врховизмот не е етничко, туку геополитичко прашање.

ПЕТРОВ: Во времето на Бранко Црвенковски, Љупчо Георгиевски беше дежурен БУГАРОФИЛ

ОД ПРЕМИЕР НА МАКЕДОНИЈА ДО МЕТАМОРФОЗАТА “ЕТНИЧКИ БУГАРИН“ СО ПАСОШ ВО СОФИЈА, МЕДИЈАТОР...