Македонија
Вести
Потпретседателот на СДСМ, Коста Петров ќе биде новиот директор на Фондот за иновации и технолошки развој на местото на досегашниот Јован Деспотовски. Тој оваа информација ја сподели Фејсбук.
Потпретседателот на СДСМ и поранешниот портпарол на Министерството за здравство, Коста Петров , е именуван за нов директор на Фондот за иновации и технолошки развој!
После 15 години работно искуство во приватниот сектор, од кои 10 години како основач и директор на Пи Ворлд, време е за нови предизвици.
Во овие десет незаборавни години, заедно со мојот победнички тим, успеавме да ја позиционираме Пи Ворлд како една од најиновативните креативни агенции и организатори на бизнис-настани во светот.
Присутни сме во 40 земји во Европа, Северна Америка, Блискиот Исток, Азија и Африка, а движечка сила на нашата компанија е тесната соработка со некои од најмоќните брендови во светот – Facebook, Google, Snapchat, Coca-Colа, Shell, IBM, Mayo Clinic, Harvard School of Law, Yale, Stanford University…
Се гордеам со сè што направивме! Колеги, продолжете со освојување на нови врвови! Пи Ворлд е наш заеднички успех и знам дека ја оставам во вистински раце.

Сега е време за нови, наши, македонски и глобални успеси!
Иновациите и развојот на технологии мора да ја заземат централната улога во нашата развојна економија, а ФИТР ќе биде двигател на оваа трансформација.
ФИТР ќе продолжи да инвестира во иновацискиот развој на компаниите, работејќи на создавање нови квалитетни работни места и придонесувајќи кон развојот на македонската економија.
Целта е да обезбедиме поддршка за компаниите и стартапите со тоа што ќе им помагаме во секој чекор, почнувајќи од работењето, едукацијата, развојот на продукти, па сè до комерцијализацијата и продажбата. Фондот ќе работи и соработува со врвни домашни и меѓународни претприемачи, финансиски експерти и основачи на иновативни компании.
Во нашата работа ќе биде целосно вклучена и академската заедница, која ќе биде нераскинлив дел од сите процеси. Мојата визија е заедно, со помош на интернационалната и македонската стартап заедница, со новиот бран на македонски иноватори да ја позиционираме Македонија како регионален стартап хаб во регионот.
Македонија има многу потенцијал, има многу паметни и мотивирани млади луѓе.
Ќе ја насочам целата моја енергија да ги поддржиме и да им помогнеме да ги реализираат своите цели. За крај, сакам да му заблагодарам на премиерот Зоран Заев за дадената доверба и на сите мои колеги кои ме поддржуваа.
Нè чека многу работа и многу храбри чекори! Знам дека можеме, напиша Петров!
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
Поврзани вести со оваа тема
Најчитани вести



Останати вести од Вести
Најнови вести

Тикер вести
You must be logged in to post a comment.