14 октомври 2020 година, Софија, Бугарија - Советот на Европа бара Софија да започне дијалог со Македонците во Бугарија!

Објавил: Стојче Бушин | 14 октомври, 2020 10:32

ПЕТРОВ: Софија да започне дијалог со Македонците во Бугарија кои изразија интерес за заштитата што ја овозможува Рамковната конвенција

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

СОФИЈА ДА ЗАПОЧНЕ ДИЈАЛОГ СО МАКЕДОНЦИТЕ ВО БУГАРИЈА!

14 октомври 2020 година, Софија, Бугарија – Советот на Европа бара Софија да започне дијалог со Македонците во Бугарија!

Правната рамка за остварување на културните, јазичните и партиципативните права на етничките заедници во Бугарија е дискриминаторска!

Актуелни се проблемите со средното образование за Ромите и квалитетот на образованието, а говорот на омраза во јавниот дискурс често останува неказнет.

Ова се наведува во извештајот и мислењето на Советодавниот комитет на Советот на Европа за Рамковната конвенција за заштита на националните малцинства објавено деновиве, придружено со коментари од Владата на Бугарија.

Комитетот препорачува Софија да започне дијалог со Македонците во Бугарија кои изразија интерес за заштитата што ја овозможува Рамковната конвенција, но тоа да го стори и со сите заинтересирани етнички заедници.

Советот на Европа од бугарските власти бара да го овозможат слободното изразување за припадноста на лицата од етничките малцинства, што треба строго да се спази на следниот попис на населението во 2021 година.

Властите треба, во соработка со претставници на националните малцинства, да ги вратат неодамна променетите имиња на населените места, барем да бидат коофицијални имиња заедно со новите бугарски имиња.

Тие, исто така, се охрабруваат да усвојат пристап што ќе внимава на религиозните специфичности во врска со почитувањето на исхраната во образовните установи.

Експертите на Советот на Европа го поздравија усвојувањето на сеопфатна законска рамка која забранува поттикнување на дискриминација, насилство или омраза врз верска основа, како “солидна основа за заштита на припадниците на националните малцинства пред дискриминацијата“.

Советот на Европа бара итно донесување на позитивни мерки во корист на верските права на етничките заедници.

Комитетот забележува дека освен правото за изучување на мајчиниот јазик, не постои сеопфатна правна рамка која дава посебни права на лица од малцинства во областа на културата, медиумите, употребата на јазиците во размената со властите, топографските знаци или политичкото учество.

Властите настојуваат да ја промовираат толеранцијата, но нивните активности редовно се поткопуваат со ксенофобични, антицигански, исламофобични и антисемитски изјави на високи политичари, на кои властите често не реагираат. Санкциите за говор на омраза остануваат изолирани случаи, се вели во мислењето на експертите на Советот на Европа.

И покрај законската рамка која забранува присилна сегрегација, де факто сегрегацијата останува широко распространета, а акциите на властите за санирање на оваа состојба не се доволни, е на мислење Советодавниот комитет.
Комитетот, исто така, препорачува промовирање на наставата на јазиците на малцинствата од предучилишно и средно образование.

Дека сегрегацијата, антимакедонизмот и говорот на ормаза кон Македонците се државна стратегија во Бугарија, доволно е да се прочита изјавата на поранешниот претседател на Бугарија Росен Плевнелиев кој во врска со овој извештај на Советот на Европа вели:

“Резолуцијата на Европскиот парламент не е безопасна и во одреден момент ќе се искористи против Бугарија.

Национално предавство е ако се покаже дека тука има македонско малцинство, а тоа е предавство. Никогаш немало Македонци во Бугарија!“ Тоа е бугарскиот гашизам на дело!

Иронијата да биде поголема, Росен Плевнелиев е роден на 14 мај 1964 година во градот Гоце Делчев, Пиринскиот дел на Македонија, а неговата фамилија потекнува од селото Плевна во Егејскиот дел на Македонија, денес Петруса во Република Грција.

За време на Балканските војни неговите претци го продале нивниот имот и побарале засолниште во Бугарија.

Антимакедонската реторика на Росен Плевнелиев беше редовно мени за време на неговиот мандат како претседател на Бугарија од 22 јануари 2012 година до 22 јануари 2017 година.

Тоа се Бугарите денес…

Пишува Тодор Петров

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Колумна

СМК смета дека Македонија треба веднаш и безрезервно да ги прекине разговорите со Бугарија по овие прашања, како што СДСМ го бојкотираше референдумот за територијалната организација на локалната самоуправа одржан на 7 ноември 2004 година, со слоганот “Некои прашања не заслужуваат одговор!

Македонија од држава ќе се претвори во територија без народ и историја, чии администратори ќе бидат Атина и Софија!

СВЕТСКИ МАКЕДОНСКИ КОНГРЕС! ОСУДА НА БУГАРСКОТО ВЕТО ПРОТИВ МАКЕДОНИЈА! Светскиот...

Со Македонија не’ има, без Македонија сите заедно ќе не (с)нема! Само Македонија, никогаш северна! Македонија вечна од исконот до бескрајот!

Сакајте ја Македонија, да и го вратиме достоинството, името на државата Македонија и идентитетот на нацијата Македонска!

НАЦИОНАЛИЗМОТ Е ПАТРИОТИЗАМ, ГЛОБАЛИСТИТЕ САТАНИСТИТЕ! Народите живеат, сите ние живееме...

Во согласност со Европската конвенција за заштита на човековите права, одлуката за помилување не може да се анулира, независно дали помилувањето во било која постапка или со било која одлука е ставено вон сила!

ПОРАНО ИЛИ ПОДОЦНА, ПОМИЛУВАНИТЕ 56 ЛИЦА НА 12 АПРИЛ 2016 ГОДИНА ЌЕ БИДАТ ОСЛОБОДЕНИ ОД ОБВИНЕНИЕ И ЗАТВОР

НЕЗАВИСНО ОД ОДЛУКАТА НА УСТАВНИОТ СУД ПО ЧЛЕНОТ 11-А ОД ЗАКОНОТ ЗА ПОМИЛУВАЊЕ, ПОРАНО...