сабота, 30 мај 2020

MK/ EN/ DE



Пет лица починаа денес во земјава како последица од Коронавирус, бројот на заразени е 599 лица...

Објавил: Катерина Крстиќ | 7 април, 2020 18:10

Пет нови жртви на коронавирусот во Македонија- заразени вкупно 599 лица!

Фото/Текст извор: ©magazin.mk

Пет пациенти заболени од коронавирусот починаа, четворица од нив на Инфективната клиника во Скопје – еден од Куманово, пациентка од Лабуништа, од Челопек, една пациентка од Штип и уште еден починат во Куманово.

Ова го соопшти министерот за здравство Венко Филипче на денешната прес-конференција во Владата.

-На Инфективната клиника во изминатите 24 часа се примени четворица пациенти, моментално се хоспитализирани вкупно 67 од кои шест се на механичка вентилација, 12 се со потешка клиничка слика, за жал има влошување на состојбата и на родилката од Куманово, таа се уште е респираторно самостојна, меѓутоа значајно полоша клиничка слика и радиографски наод на белите дробови, интензивно се прати нејзината состојба. Во градската општа болница „8 Септември“ хоспитализирани се 19 пациенти од кои тројца се на респираторна машина, а девет со потешка клиникчка слика, информира Филипче.

Пет лица починаа денес во земјава како последица од Коронавирус. 

Вчера, како што соопшти тој, во клиничката болница во Битола пристигнале сите пациенти од болницата во Охрид.

– Сега таму ќе се лекуваат како центар кој е регионален за третман на сите пацинети од овој регион имајќи ја предвид добрата инфраструктура, физички одделеното одделение за инфективни болести од зградата на болницата и доволниот број на инфектолози и анестезиолози доколку затреба поддршка во смисла на интубација и респираторна машина, посочи Филипче.

Додаде дека во Штип се хоспитализирани четворица пациети – еден со средно-тешка клиничка слика и тројца со лесна клиничка слика.

– Во Скопје на Клиниката за дигестивна хирургија еден од среднотехничкиот персонал практично кажал дека има заболени во семејството, се уште непотврдени за коронавирусот. Во текот на утрешниот ден ќе се тестираат сите луѓе кои во изминативе два-три дена биле со него на работно место, се во автоизолација ставени и согласно резултатот од брисевите на вработениот и членовите на неговото семејство ќе се постапи понатаму со неговите колеги на работа, информира Филипче.

Тој соопшти дека денеска оствариле посета во болницата во Куманово со државниот секретар, претставници на Интитутот за јавно здравје и Министерството за здравство.

-Со оглед на тоа што кај 18 вработени веќе е дијагностициран вирусот Ковид-19  направена е реорганизација на работата. Најмногу е афектирано инфективното одделение. Тоа го дискутиравме и во текот на изминатиот период и затоа има доктор од Штип и Скопје кои ја водат работата на инфеткивното одделение. Од вкупно 700 вработени покрај овие луѓе кои се дијагностицирани има уште 80 кои се во самоизолација и за кои ќе се направи тестирање согласно периодот на инкубација откако тој ќе помине, рече министерот.

Со денешните потврдени 29 нови случаи на заразени од коронавирус, вкупниот број на дијагностицирани пациенти со Ковид-19 во земјава достигна 599 лица. (МИА)

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Здравство

Ова е значајно зајакнување на капацитетите за справување со вирусот, имајќи предвид дека ваква респираторна поддршка е потребна за една сериозна група заболени лица.

УНИЦЕФ донира на Македонија најнова генерација на 7 респиратори кои служат за инвазивна и неинвазивна терапијa!

Денеска ја примивме донацијата која беше обезбедена од страна на УНИЦЕФ – најнова...

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 2077, бројката на оздравени пациенти е 1486, на починати е 122, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 469.

Почина здравствен работник од КОВИД-19- нови 38 заболени!

Во соопштение испратено до јавноста Фармацевтската комора известува дека почина првиот...

Досега во земјата се направени вкупно 26463 тестирања на ковид-19. Од вкупниот број направени тестови во изминатото деноноќие 251 тест е во рамките на скринингот во градинки и геронтолошки установи.

Македонија се враќа во нормала: Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 17 оздравени пациенти!

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 17 оздравени пациенти. – Скопје 11 –...

Според него со олеснувањето на рестриктивните мерки и тоа што не беше прифатена препораката од Комисијата за заразни болести, за целосен карантин за време на викендот, претставува потенцијален ризик дека во наредните денови бројот на нови случаи ќе биде поголем.

Инфектологот Цана: Наредните денови ќе има уште повеќе заразени!

Специјалистот за инфективни болести Фадил Цана, во изјава за Алсат, го прокоментира...