
Македонија
Вести
Од вкупно хоспитализираните 21 пациент во Скопје по несреќата во Кочани, денеска ќе бидат пуштени пет.
Четири пациенти се критични, кај двајца повторно е влошена состојбата. Се уште има и интубирани пациенти во тешка, но не и животно загрижувачка состојба, соопшти министерот за здравство Арбен Таравари.
Како што рече Таравари на прес-конференција, надвор од државата се 89 пациенти, но двајца се враќаат од Литванија и Шведска. Тие најпрво ќе бидат примени и прегледани во домашните болници од каде биле и испретени, според протоколот ќе бидат задржани 24 часа, а потоа ќе бидат пуштени дома.
За утре нема најава за враќање на други пациенти од странство, но во понеделник, истакна министерот, сигурно ќе се вратат пет.
-Од хоспитализираните, шест се во Клинички центар, шест во Градската болница и пет во ГОБ „8 Септември”, додека четворица се во приватните клиники. Денеска има пет исписи на пациенти кои се во подобра состојба и одат на домашно лекување по што ќе останат вкупно 16, информира Таравари.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.