Судскиот совет денеска ги утврди кандидатските листи за членови на судски совет од Врховниот суд и од Апелационото подрачје Битола, на двете листи има вкупно пет судии.
Со шест гласа за и 5 против, Судскиот совет ја утврди кандидатската листа за член од Врховниот суд на која се кандидатите Цветанка Периќ и Исамедин Лимани.
На кандидатската листа за избор на член на Советот од апелационо подрачје Битола беа утврдени кандидатите Александар Камбовски, Александра Поп Стефанија и Татјана Сусулеска.
Советот на денешната седница расправаше за уставноста за утврдувањето и потенцијалниот избор на кандидатот Лимани. Според дел од членовите, постои уставна пречка тој да биде член на Советот бидејќи ќе се наруши правичната застапеност во Судскиот совет.
Според оние кои гласаа за, националната припадност не е пречка за кандидатите да се кандидираат на огласот и со одбивање на истите се дава пример за поделби и директна дискриминација.
Судскиот Совет е без двајца членови откако лани во јуни, судијката Мирјана Радевска-Стефкова од Врховен си поднесе оставка, а Мери Радева се пензионираше годинава.
Како што наведе тогаш, Радевска-Стефкова не сакала да биде дел од највисокото судско тело бидејќи постапувало незаконски при разрешување на Весна Дамева од претседателската функција, а причини да си заминат било и нетранспаретно одлучување.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.