Пецаков: На почеток на туристичка сезона се затвора влезот на Охрид, одлуката веднаш да се смени!
Седум години не помрдна „автопатов“ сега на почеток на туристичка сезона 45 дена го затворате влезот на Охрид и се пренасочува цел сообраќај по стариот пат, пат кој нема капацитет да прими толкава голема бројка на возила и хаосот кој ќе го создадете е неминовен, реагира градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков, откако од вчера поради реконструкција на коловозот, сообраќајот на потегот Подмоље-Охрид се пренасочува по стариот пат Охрид-Струга.
Заради тоа што не сакавте да не испочитувате и не ви беше битно тоа што Општина Охрид беше против затворање на влезот во Охрид во овај период, негативно мислење од Општина Охрид, негативно мислење од СВР Охрид и си издадовте сами на себе дозвола за пренасочување на сообраќај, сега јавно го повикувам министерот за транспорт, министерот за внатрешни работи и премиерот, да ја сменат одлуката и да овозможат нормален проток на возила во тек на туристичката сезона, а по завршување на сезоната да отпочнат со градежните активности, вели Пецаков во објавата на фејсбук профилот!
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.