Општина Охрид ги стави на располагање сите расположливи капацитети во расчистување на последиците од големото невреме што денеска го зафати Охрид. Ова го истакна градоначалникот на Општина Охрид, Кирил Пецаков, по состанокот на Кризниот штаб, на кој беа присутни у директорите на јавните претпријатија.

Од првичните информации со кои располагаме, отежнат е сообраќај на одредени улици поради обилните врнежи и големата вода која се уште се слива, има пријави за поплавени домови, дворови, куќи а штетата на земјоделските култури очигледно ќе биде огромна бидејќи невремето кое траеше повеќе од половина час беше проследено со врнежи од град со големина на лешник и орев. – рече Пецаков по состанокот на Кризниот штаб.

Објавил: Мате Парлоф | 24 јуни, 2023 14:32

Пецаков: Отежнат сообраќај, поплавени домови, штетата на земјоделските култури огромна

Фото/Текст извор: ©ohrid news

Општина Охрид ги стави на располагање сите расположливи капацитети во расчистување на последиците од големото невреме што денеска го зафати Охрид.

Ова го истакна градоначалникот на Општина Охрид, Кирил Пецаков, по состанокот на Кризниот штаб, на кој беа присутни у директорите на јавните претпријатија.

Од првичните информации со кои располагаме, отежнат е сообраќај на одредени улици поради обилните врнежи и големата вода која се уште се слива, има пријави за поплавени домови, дворови, куќи а штетата на земјоделските култури очигледно ќе биде огромна бидејќи невремето кое траеше повеќе од половина час беше проследено со врнежи од град со големина на лешник и орев. – рече Пецаков по состанокот на Кризниот штаб.

Тој рече дека пред општината е сериозен предзвик и дека интензивно се работи на нормализација на состојбата.

Сите пумпи за исцрпување на вода со кои располага општината се ставени на располагање на Територијалната противпожарна единица Охрид, каде во најголем дел се пријавуваат поплавите. Вршиме напори со соседните општини за набавка на дополнителен број пумпи, иако колекторот е ставен стопроцентно во функција и во најголем дел од критичните места ќе се исцеди надојдената вода. Проблем има на пресекот помеѓу АСНОМ и булеварот Туристичка, со струјата која ги знабдува пумпите од колекторот, но се решава. Проблем има и во планинските села каде има наноси од земја. Се надеваме дека до вечер ќе успееме да го нормализираме сообраќајот насекаде. – додаде Пецаков

Пецаков истакна дека службите на градот остануваат во полна готовност, дотолку повеќе што во попладневните часови се најавуваат нови врнежи.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.