
Македонија
Вести
Со писмо до грчката страна испратено во јануари годинава, министерот занадворешни работи НиколаДимитров потврдува дека ознаките Македонско, македонски, macedonian не се за етничка или национална припадност туку само за државјанство, пишуваше во јануари оваа година експерс.мк.

Македонија со писмото до грчката страна се согласила означувањето за nationality во кое ќе стои macedonian/citizen of North Macedonia согласно Преспанскиот договор да се однесува исклучиво на државјанство, а не на националност или етничка припадност.
Во документот до кој дојде expres.mk македонскиот министер за надворешни работи Никола Димитров на своите партнери во Атина им пишува дека и формално прифаќа дека „македонско“ или macedonian нема да означува националност, туку државјанство.
Во документот кој го лиферуваат грчките извори јасно се гледа дека македонската влада се откажува од „македонски“ како припадност на нација.
Во документот се зборува и за македонскиот јазик, кој според владата во Скопје е од групата јужнословенски јазици.
Македонската влада тврди дека со договорот се бетонира македонскиот национален идентитет.
Македонската јавност реагираше поделено во однос на договорот. Тогашниот претседател на Македонија, Ѓорѓе Иванов истакна дека нема да го потпише договорот, класифицирајќи го истиот како штетен за земјата и дека истиот значи напуштање на изградените суштински државни позиции: неменување на Уставот и неприфаќање на име за севкупна употреба.Следниот ден на 13 јуни, откако беше прогласено решение, на средба со претседателот Иванов беа премиерот Зоран Заев и шефот на дипломатијата Никола Димитров кои му го предале договорот. Во медиумите беше објавено дека средбата поминала во непријатна атмосфера и истата траела 2 минути, по што претседателот „им ја покажал вратата“ на Заев и Димитров.
Два часа по потпишувањето на договорот во Нивици на грчка страна, во Битола беше организиран протестен марш од ВМРО-ДПМНЕ на кој учествуваа околу 1.500 луѓе. Маршот беше предводен од транспарент на кој бил ставен цитат од Тодор Александров – „Организацијата е народот и народот е организацијата“, а бил претставен и крст на кој пишувало „Република северно од Македонија“.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.