Писмо до Јана

Објавил: Узунов Бобан | 27 август, 2019 15:57

Писмо од бизнисмен до Нина: што треба да направи идната министерка за финансии ако сака да биде успешна !

Фото/Текст извор: ©мкд.мк/магазин

Бизнисменот Јордан Трајков упати отворено писмо до новата министерка за финансии.

Почитувана г-ѓo Ангеловска,

Покрај ветеното домаќинско располагање со пари јас од Вас го очекувам следното:

1. Да увидите дека нашата држава секогаш има повисок рејтинг во однос на фирмите (ретко која фирма може да има ист рејтинг) и да го спречите понатамошното задолжување на државата на домашниот пазар, а да го префрлите комплетното задолжување на меѓународниот пазар.

2. Да иницирате мала промена на регулатива за ДДВ со која значително ќе го стеснете просторот за избегнување на плаќањата на истото и тоа: а) сите фирми да бидат префрлени на месечно пријавување на ДДВ, б) секоја нова фирма од старт да биде ДДВ-обврзник.

3. Да иницирате мала промена на Законот за облигациони односи и тоа на член 387, со што ќе се оневозможи наплата на камата или трошоци за предвремено отплаќање на долг. Со тоа ќе ги доведете банките и нивните клиенти во малку порамноправни односи.

4. Да иницирате мала промена на регулатива за државна ревизија со која таа (и наодите) ќе добие заслужено место во борба против корупцијата.

5. Да иницирате мала промена на Закон за хартии од вредност и тоа во членови 28-а до 28-г, со што заедно со обезбедените обврзници ќе ги опфатите и гарантираните обврзници. Воедно да направите промоција и да ги подбутнете фирмите, но и другите странки на пазарот на хартии од вредност кон издавање на корпоративни обврзници. Во таа активност да ја подбутнете и КХВ да даде нулта провизија за првите издадени корпоративни обврзници со цел да се промовира истото.

6. Да иницирате мала измена на Законот за преземање на акционерски друштва во насока а) на можност квалификуваните акционери да можат да се движат во одреден ранг на проценти на сопственост без да бидат должни да пристапат кон јавна понуда наместо сегашната одредба на стриктен процент б) кога акционер или група поседува квалификувана сопственост со која може да го менува сам/и статутот на фирмата на прв повик на кој било мал акционер да му ги откупи/ат акциите по најголемата цена од номинална, сметководствена или пазарна.

7. Да иницирате поништување на Законот за задолжница.

8. Следствено на 7 да иницирате развој на чиста регулатива за меница како најстар и најдобар финансиски инструмент.

9. Да иницирате промена на Законот за Македонската банка за поддршка на развојот и тоа во член 10 и член 11 и тоа за да додадете можност банката да биде и менаџер на фонд/ови. Следствено на тоа да формирате фонд за исплата на грозје и др. фондови за исплата на други земјоделски производи. Со МЗШВ да координирате и тие да направат соодветни промени во соодветните закони/регулативи.

10. Да направите добра анализа на пензискиот систем на МК (сите столбови поединечно) и да организирате добра дебата и да направите соодветна промена на законската регулатива за да ги ставите сегашните и идните пензионери во подобра позиција.

11. Да иницирате промена на регулатива што ќе има за цел да имаме една супервизија на финансискиот сектор наместо сегашни три т.е. формирање на “FSA”.

12. Да иницирате дебата за промена на банкарската регулатива и да направите промена на истата во насока „прудентните” веќе да не можат да ги дерат своите клиенти (пр. сите кредити да се со проста камата базирана на 365 дена, а не со сложена. Има и многу други примери).

13. Да иницирате дебата и следствено и промена на регулатива на небанкарските финансиски институции за намалување на можноста за перење пари и финансирање на тероризам, но и активности на специјална војна која де факто се води против Македонија.

14. Да иницирате процес на промени кој неминовно и брзо ќе доведе до тоа да работиме само со електронски пари.

15. Да спроведете побрзо враќање на ДДВ кон фирмите – максимум 15 дена по доставено барање.

16. Да спроведете мерка – рок од максимум 15 дена плаќање кон фирми по основ на фактура или времена ситуација.

17. Да спроведете една сметководствена програма во сите државни институции.

18. Следствено на 17, да спроведете програма за државни сметководители.

19. Да иницирате промена на Законот за јавни набавки во смисла на формирање на вистински транспарентен пазар/берза.

20. Да иницирате со Министерството за труд и социјала промена на начинот на пресметка и плаќање на плати и придонеси од плати во насока саатнина, наместо месечна и во насока работникот да прима бруто, па тој да си плаќа персонален данок, пензиско, здравствено и социјално осигурување и членување во синдикат.

21. Да направите кредитен пазар.

22. Да договорете со меѓународни банки кредитни линии кои ќе овозможат давање на вистински долгорочни (10-30 години) кредити кон фирмите.

23. Да иницирате законски измени кои ќе овозможат долгорочно буџетирање, а не само година за година.

24. Да испитате, а потоа и да лупнете неколку кривични пријави за картелските договарање на цени на сметководители, ревизори и проценители и да ги поништите таквите незаконски ценовници.

25. Да иницирате промена на регулатива за да не плаќаме најскап зелен картон.

26. Да иницирате и спроведете регулатива со која овластените државни службеници за патувања во странство и за угостителски услуги во земјата и странство ќе си плаќаат со кредитна картичка која ќе биде врзана за сметка на односната државна институција и со која ќе забраните наплата на фактура за угостителски услуги во земјата.

27. Во буџет да предвидите сериозни средства за инвестирање во брани, канали системи за наводнување.

И на крај една лесна.

28. Да му укажете на МЗШВ ако им текне да прават закон за ракија, тоа да не биде со примарна цел собирање на акциза, туку со примарна цел здравје на луѓето (трета по важност може да биде собирање на акциза). Ова за кога јакиот Македонец треска по маса по една-две домашни, да не го боли во пределот на црниот дроб од тешките метали што ги примил со домашната, па така ударот по масата ќе биде појак.

За арно за убаво,

Јордан Трајков

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

И ова трае неколку години. Револтот кај родителите расте, а децата секојдневно по неколку часови поминуваат во руинирана барака.

Децата од Лисиче учат во мизерни услови, родителите револтирани: Очајната состојба во ОУ „Димитар Македонски“ е врв на негрижата на властите

Основното училиште „Димитар Македонски“ во скопската населба Лисиче наместо достоинствени...

Како што информира градоначалникот Петре Шилегов пролетта 2017 година е констатирано заболување на овој дрворед, но покрај сите обиди што ги направиле, дрворедот морал да се отстрани.

ШИЛЕГОВ ГРЕШКАТА ЈА ПОПРАВА: Нови јапонски цреши на „Максим Горки“

Градот Скопје денеска започна со обновување на дрворедот на улицата „Максим Горки“...

Пред повеќе од еден месец, по совет на министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, со посредство на љубезниот директор на Бирото за јавна безбедност Сашо Тасевски, во соодветната служба на МВР, пријавив физичко следење од страна на неовластено лице, напиша Героски на својот Фејсбук профил.

Героски со апел до обвинителството: Изјаснете се за случајот или јас ќе ја известам јавноста!

Новинарот и уредник на порталот Плус Инфо, Бранко Героски со ОТВОРЕН ПОВИК ДО ЈАВНОТО...