Време е оваа криминална власт да си замине што поскоро. Време е Заев да си поднесе оставка и да остане во историјата како најлош премиер на Република Македонија досега,велат од ВМРО.

Објавил: Катерина Крстиќ | 1 јули, 2019 11:51

Планот на Заев и Анѓушев се сведува на окупирање на министерството за финансии

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Од опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ, обвинуваат дека откако СДСМ е на власт значително тоне економијата во Македонија.

Откако СДСМ и Заев се на власт, економијата тоне. Голем број на граѓани  едвај врзуваат крај со крај.Се намалува бројот на работници во индустријата. Имено во месец мај 2019 бројот на работници во индустријата е за 2.5% помал од бројот на работници во индустријата за истиот месец во 2018 година,стои во соопштението на ВМРО.

Од опозициската партија ВМРО, велат дека откако СДСМ е на власт економијата пропаѓа

Од ВМРО велат дека намалени се капиталните инвестиции, а за тоа го обвинуваат Кочо Анѓушев, како и премиерот Заев.Во сопштението на ВМРО стои дека Заев и Анѓушев имаат план за ново задолжување на државата.

Поради лошите политики на Анѓушев државата се соочува со катастрофални бројки во доменот на капиталните инвестиции. На заслуга на Анѓушев нивото на капиталните инвестиции заклучно со мај 2019 изнесува катастрофални 13,74%.

Планот на Заев и Анѓушев се сведува на целосно окупирање на министерството за финансии и реализација на концептот на зголемување на задолжувањето на државата.

Ова само покажува дека ниту Заев, ниту Анѓушев немаат визија и знаење со кои ќе придонесат државата да се развива и граѓаните да живеат убаво,стои во соопштението на ВМРО.

Време е оваа криминална власт да си замине што поскоро. Време е Заев да си поднесе оставка и да остане во историјата како најлош премиер на Република Македонија досега,велат од ВМРО.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Политика