Во моментот кога ковчегот пристигна на платото, владееше тишина меѓу луѓето и многумина на плоштадот плачеа во тој момент.

Објавил: Мирко Бачиќ | 31 октомври, 2020 15:40

ПЛАЧЕ ЦРНА ГОРА: Пристигна ковчегот со посмртните останки на митрополитот Амфилохије во Соборниот храм

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

Илјадници и илјадници луѓе од Подгорица и цела Црна Гора, многу од нив во знак на почит, дојдоа во центарот и ја дочекаа поворката со посмртните останки на митрополитот Амфилохије во Соборниот храм.

Во моментот кога ковчегот пристигна на платото, владееше тишина меѓу луѓето и многумина на плоштадот плачеа во тој момент.

Амфилохије е роден како Ристо Радовиќ, на Божиќ, на 7 јануари 1938 година, во Баре Радовиќ во Доња Морача. Завршил богословија на Свети Сава во Белград, на Богословскиот факултет. Студирал класична филологија на Филозофскиот факултет во Белград.

Бил на постдипломски студии во Берн и Рим, а докторирал во Атина. Се замонашил во 1967 година во Грција, а една година подоцна станал јеромонах.

Тој беше декан на Богословскиот факултет, а во 1985 година стана епископ на Банат. Беше востоличен како Митрополит на Црна Гора-Приморје-Скендерија-Брдо-Зета и егзарх на Пеќ во пресрет на Божиќ 1991 година.

Амфилохије беше втор по ранг меѓу епископите во хиерархијата на Српската православна црква, веднаш по српскиот патријарх. Во февруари 2012 година, тој доби почесен докторат од Институтот Свети Сергиј во Париз.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од InMemoriam

Дарко Филиповиќ се прости од Токан преку својот Фејсбук профил објви црно-бела слика на неговиот драг колега.

ГОЛЕМА ТАГА: Од корона на 45-годишна возраст почина тапанарот на Амадеус Бенд!

Тапанарот на популарната музичка група „Амадеус бенд“, Бојан Златановиќ, познат под...

Претседателот исто така изјави дека Храмот на Свети Сава, кој патријархот го посакувал е храм на токму таква силна Србија.

ВУЧИЌ СЕ ПРОСТИ ОД ИРИНЕЈ: Неговата Светост ги затвори очите онака како што и живееше, во мир

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, предмалку зборуваше на погребот на патријархот...

Премиерката Ана Брнабиќ и претседателот на Националното собрание Ивица Дачиќ пристигнаа во Храмот Свети Сава.

ВО ЖИВО: Започна погребот на ПАТРИЈАРХ ИРИНЕЈ – Присутни се државниот врв и голем број граѓани

Литургијата за блажениот патријарх Иринеј започна во 9 часот наутро, а посмртните остатоци...