Адеми ги поканува сите засегнати апликанти кои имаат потреба, да се обратат во Министерството за култура за информации поврзани со нивните проекти.

Објавил: Перо Милчин | 10 февруари, 2019 16:51

“Плукни па лижи”- Адеми повторно ќе ги разгледа одбиените апликации

Фото/Текст извор: ©онлине / магазин

Министерот Адеми, вчера беше во работна посета на Берлин и се изјасни во врска со реакциите на јавноста за резултатите од Годишните конкурси на Министерството за култура, и информира дека сите одлуки за одбиени апликации ќе бидат поништени и повторно разгледани.

Министерот Адеми рече дека како човек и како министер за култура длабоко ги респектира сите автори, уметници, институции и сите оние кои делуваат во областа на културата и продолжи дека нема да дозволи овие резултати по Годишните конкурси да остават чувство на горчина и незадоволство кај луѓето од културата.

Ресорното Министерство вчера соопшти дека, Адеми ги поканува сите засегнати апликанти кои имаат потреба, да се обратат во Министерството за култура за информации поврзани со нивните проекти.

– Наша цел е да ги стимулираме и соодветно да го вреднуваме придонесот на уметниците, институциите од културата, независниот културен сектор, и во таа смисла остануваме силно посветени на оваа наша определба.

– Големиот одзив кон објавените резултати покажува дека сме на линија со нашите заложби транспарентно и отчетно, без никакви предрасуди да донесеме програма која ќе го поттикне развојот на културата во државата. Како човек и како министер за култура длабоко ги респектирам авторите, уметниците, институциите и сите оние кои делуваат во областа на културата и нема да дозволам овие резултати по Годишните конкурси да остават чувство на горчина и незадоволство кај луѓето од културата.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Анализа

Прогноза: во првиот круг ќе гласаат околу 865.000 гласачи, од кои 95.000 за Блерим Река, 388.000 за Силјановска, а 368.000 за Стево Пендаровски.

АНАЛИЗА: Резултат на претседателските избори во првиот круг; анкети и гласачи!

Според досега објавените анкети од МЦМС, М-Проспект и други агенции, се очекува излезеноста...