Голема победа на Македонските ракометарки во квалификацијата за пласман во баражот на Светското првенство.

Објавил: Сара Фемина | 3 декември, 2018 16:04

ПОБЕДА – ” ЗЕМЈО МАКЕДОНСКА” ечеше во соблекувалната на Македонските ракометарки

Фото/Текст извор: ©онлине / магазин

Македонската женска репрезентација без никакви поголеми проблеми славеше убедливи победи над Азербејџан, Исланд и Турција во квалификациската група за пласман во баражот за СП.

Голема радост за Македонија и љубителите на ракометот. Македонските ракометарки на сите три меча беа на највисоко и нај посакуваното  ниво и не им дозволија на противниците да помислат на нешто повеќе од пораз. Мундијалот ќе се игра следната година во Јапонија,а противникот ќе го добиеме на 16 декември и тоа ќе биде една од тие репрезентации, што во овој момент играат на ЕП во Франција.

Македонските ракометарки на сите три меча беа на највисоко ниво и без проблеми славеа убедливи победи.

Овој успешен одигран квалификациски турнир и заслужениот пласман во бараж заслужи голема прослава ,а соблекувалната на ракометарките ечеше со Македонски песни. Радосни и задоволни од вчерашната победа, заслужено славеа за големите победи.

Ракометната репрезентација на Македонија е женска сениорска репрезентација што ја претставува Македонија на светската ракометна сцена во женска конкуренција. Репрезентацијата е раководена и е под закрила на РФМ. Тренер на репрезентацијата е Симе Симовски, а капитен на репрезентацијата е Елена Ѓорѓиевска. 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Ракомет

Раул Гонзалез на тренерското столче пристигна на местото на Лино Червар и ја водеше Македонија на две големи натпреварувања – ЕП 2017 и СП 2018 година.

Раул Гонзалез ја напушти Македонската ракометна селекција

Ракометната Федерација на Македонија ја извести јавноста дека македонската куќа на...

Со оваа победа Македонија, веројатно, го обезбеди четвртото место и ги остави зад себе Бахреин и Јапонија освен, се разбира, некој од нив не направи чудо против фаворитите.

Македонија воскресна! „Смачкан„ Бахреин, Македонија е жива!

Македонија се радува на победа и во вториот натпревар од Светското првенство во Германија...