Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против едно лице, 44-годишен жител на Скопје , за сторено кривично дело – Тешка кражба од член 236 став 1 точка 3 од Кривичниот законик.

Објавил: Валерија Петрова | 8 јули, 2019 16:46

Поведена постапка против лицето кое по тешка кражба влезе во водите на Вардар

Фото/Текст извор: ©онлајн магазин

Крадецот кој беше извлечен од водите на Вардар и веднаш уапсен од страна на инспекторка, ОЈО спорведе постапка против него за тешка кражба.

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против едно лице, 44-годишен жител на Скопје , за сторено кривично дело – Тешка кражба од член 236 став 1 точка 3 од Кривичниот законик.

Осомничениот на 25 мај и на 5 јули извршил две тешки кражби на дрзок начин, одземајќи накит од сега оштетените, додека тие се движеле по улица. Откако ќе ги забележал жртвите, започнувал со следење се додека не се увери дека во нивна близина нема други лица. Во тој момент осомничениот се доближувал и од вратот на оштетените го кинел и одземал накитот – златни ланчиња. Во вршењето на кривичното дело на 25 мај учествувало уште едно, засега непознато лице.

По втората тешка кражба извршена околу 17:30 часот, осомничениот бил забележан од случајни минувачи, започнал да бега по што навлегол во водите на реката Вардар, но бил престигнат и совладан од страна на полициски службеник.

Основното јавно обвинителство Скопје ценеше дека се исполнети законските основи, па до надлежниот суд достави предлог на осомничениот да му се определи мерка притвор.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

Во изјава за медиумите Стојчев вели дека поради таткото на Боки 13, кој вчера беше осуден на шест месеци затвор поради физички напад врз свештеникот немал ниту една крштевка.

Три години немав ниту една крштевка или венчавка- Свештеникот Стојчев бара оштета

Откако вчера му беше одредена казна затвор од шест месеци на таткото на Боки 13, свештеникот...

Во однос на случајот во кој е осомничена Фросина Ременски тој вели дека кај луѓето ќе остане таа горчина и дека нема да се заборави дека министерот за внатрешни работи беше прв кој седна до Боки 13, на нивната прослава.

Калајџиев: И реков на Катица што бара со Боки, но таа тврдеше дека ништо не му фали

Во вчерашното гостување на Канал 5 телевизија универзитетскиот професор Гордан Калајџиев ...

И ова трае неколку години. Револтот кај родителите расте, а децата секојдневно по неколку часови поминуваат во руинирана барака.

Децата од Лисиче учат во мизерни услови, родителите револтирани: Очајната состојба во ОУ „Димитар Македонски“ е врв на негрижата на властите

Основното училиште „Димитар Македонски“ во скопската населба Лисиче наместо достоинствени...

Како што информира градоначалникот Петре Шилегов пролетта 2017 година е констатирано заболување на овој дрворед, но покрај сите обиди што ги направиле, дрворедот морал да се отстрани.

ШИЛЕГОВ ГРЕШКАТА ЈА ПОПРАВА: Нови јапонски цреши на „Максим Горки“

Градот Скопје денеска започна со обновување на дрворедот на улицата „Максим Горки“...