Пријавените обвинители наскоро ќе бидат повикани на интервју и ќе се „борат“ за пет отворени места во Обвинителството.

Објавил: Катерина Крстиќ | 23 септември, 2020 18:31

Повеќето обвинители од СЈО конкурирале за работа во обвинителството на Русковска

Фото/Текст извор: ©фокус.мк

Повеќето обвинители од веќе згаснатото Специјалното јавно обвинителтво (СЈО) конкурирале на огласот распишан за избор на обвинители во Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција, каде што шефува Вилма Русковска, дознава „Фокус“.

Огласот е веќе завршен.

-Огласот заврши и се чекаат пријавите испратени по пошта. Досега се пристигнати 14 пријави, ни изјави Ацо Колевски, претседател на Советот на јавните обвинители.

СЈО беше формирано на 15 септември 2015 со усвојувањето на Законот за формирање на ова обвинителство и со изборот на Катица Јанева за Специјален јавен обвинител од страна на Советот на јавни обвинители на РМ. Неговата главна задача беше да ги истражува и гони можните злоупотреби кои произлегуваат од прислушкуваните материјали во периодот од 2009 до 2015 година.

Пријавените обвинители наскоро ќе бидат повикани на интервју и ќе се „борат“ за пет отворени места во Обвинителството.

По згаснувањето на СЈО, обвинителите од тимот на Катица Јанева само на хартија се вратија во матичните обвинителства, бидејќи останаа надлежни да ги доработат започнатите предмети. Петмина се водат под скопското јавно обвинителство, каде што шефува Сашо Рајчев. Поточно, тоа се обвинителите Ленче Ристоска, Фатиме Фетаи, Гаврил Бубевски, Трајче Пеливанов и Ајтан Ајро.

Четворица од обвинителите пак се водат во внатрешноста, односно Лиле Стефанова во Радовиш, Елизабета Јосифовска во Гостивар, Стевче Донев во Кочани, Бурим Рустеми во Куманово, а обвинителот Љубомир Лапе во Куманово или Крива Паланка, каде што беше в.д. шеф.

Советот на јавни обвинители неодамна донесе одлука за зголемување на бројот на јавни обвинители за плус пет во Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција, со што ова обвинителство ќе брои 18 обвинители заедно со шефицата Русковска.

-Според обемот на работа предвидениот број на јавни обвинители е далеку од потребите на обвинителството, за што обвинителството достави барање до Советот на јавните обвинители да се прошири Одлуката за определување на бројот на јавните обвинители за уште осум јавни обвинители, со што бројот на јавните обвинители во Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал ​ќе изнесува 21 јавен обвинител“, велат од обвинителството, кое доби 5 нови обвинители, или 3 помалку од бараните 8, пренесе Фокус.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

Од МВР најавуваат дека има засилени полициски контроли од страна на републичката полиција со цел почитување на мерките.

Комисијата за заразни болести предлага да се отворат два нови оддели во „8 Септември“

Комисијата за заразни болести предлага да се отворат два нови оддели во болницата...

Секој ден е нов пик. За една недела имаме над 2.000 заболени, а Филипче кој тврдеше дека толку ќе биде бројот на заразени во тек на цела пандемија, не гледа причина да си поднесе оставка.

Филипче го внесува системот во хаос, бараме одговорност!

Во денешното соопштение Вмро-Дпмне обвинува дека бројката од 22 починати од ковид-19...

Очигледно за многу наши соседи во Скопје, митовите за комунистичкиот отпор се основа за нивниот „етнички идентитет“.

Ковачев: Наместо „бугарски фашистички окупатор“, на спомен плочите да пишува „германски нацистички окупатор“

Бугарскиот Европратеник Андреј Ковачев на Фејсбук предложи сите плакети и споменици...