Он лајн состанокот се водеше од дирекцијата на АД ЕСМ, со претставници на ЕСМ, Владата и на консултантот AF-Consult.

Објавил: Владо Марин | 26 септември, 2020 18:50

ПОВЕЌЕ ОД 40 ФИРМИ ОД СВЕТОТ И КАЈ НАС ЗАИНТЕРЕСИРАНИ ЗА ЈАВНО-ПРИВАТНО ПАРТНЕРСТО ЗА ФОТОНАПОНСКА ЕЛЕКТРАНА ВО ОСЛОМЕЈ

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

АД ЕСМ ги продолжува проектите и во услови на ковид пандемија. Во врска со проектот ЈПП ФЕ Осломеј беше организирана он лајн презентација пред заинтересирани компании од целиот свет за локацијата за две фотоволтаични електрани во Осломеј кои треба да се градат како јавно-приватно партнерство, во кое АД ЕСМ е јавниот партнер во име на државата.

Он лајн состанокот се водеше од дирекцијата на АД ЕСМ, со претставници на ЕСМ, Владата и на консултантот AF-Consult.

Повеќе од 40 компании од земјата, регионот и од светот учествуваа на состанокот кој се одржа како замена на планираната посета на самата локација која потенцијалните инвеститори немаа можност да ја остварат на терен поради рестрикциите од ковид пандемијата.

На истите им беа обезбедени снимки од локациите направени со дрон, презентација од стручни лица, како и можност за поставување прашања во врска со тендерската процедура.
Заинтересираните компании треба да ги достават своите понуди до 28 октомври, по што ќе се пристапи кон избор на најповолен понудувач.

Изградбата на електраните се очекува да почне во 2021г.
Двете фотоволтаични електрани ќе бидат со инсталирана моќност од 80-100МW, ќе бидат лоцирани врз стариот исцрпен рудник за јаглен во термоелектраната Осломеј, Кичево и според договорот, приватниот партнер ќе треба да преземе 100 вработени од термоелектраната Осломеј.

За ЈПП ФЕ Осломеј заинтересирани се голем број реномирани компании, од кои дел веќе учествувале во вакви проекти во регионот и од тие причини очекуваме успешен избор на економски оператор за овој значаен проект во областа на енергетиката и обновливите извори на енергија.

Сакаме да потенцираме дека АД ЕСМ ги вложува сите напори да ја продолжи реализацијата на инвестициските проекти и покрај потешкотиите на кои се наидува во услови на ограничувања наметнати од ковид кризата, и при тоа ги користи сите алатки и алтернативни мерки кои стојат на располагање и кои овозможуваат безбедност на сите вклучени во процесот.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Анализа

Кланот од Зајас се стекна со мултимилионски бизниси, на Абази му седат на глава, а Ковачевски не смее збор да изусти!

ВМРО-ДПМНЕ: Кланот од Зајас се стекна со мултимилионски бизниси, на Абази му седат на глава

Кланот од Зајас се стекна со мултимилионски бизниси, на Абази му седат на глава, а Ковачевски...

По спроведена претходна постапка, јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје денеска до Основниот кривичен суд Скопје поднесе – Обвинителен акт против едно физичко лице и Обвинителен предлог против правно лице кои се товарат за продолжено кривично дело – Измама од член 247 од Кривичниот законик.

Жан Митрев може да добие затворска казна од 1 до 10 години

Обвинетиот на пациентите и во јавноста прикажувал дека методот хемофилтрација е одобрен...

Левица во својата политичка иднина има две битки, а првото полувреме е со СДСМ, вели лидерот на Левица Димитар Апасиев во интервју за најновиот број на неделникот „Фокус“.

Апасиев: Црвениот тефтер ни е полн, ништо не забораваме!

Јавно кажуваме дека нема да им биде простено на тие параполициски структури кои што...

Дел од гостите само се заблагодарија за поканата, а дел ја искористија можноста да кажат дека дошле за поддршка.

„Се надевам дека во иднина она што е нормално, да се отвораат клубови кои ќе поврзуваат, а ние имаме многу со бугарскиот народ и дека вакви ликови коишто не поврзуваат ќе бидат имиња и на бугарските клубови во Македонија, а не како сега да ги сфаќаме како провокација.“

изјави Димитар Апасиев, пратеник и лидер на Левица.
На улицата пред клубот тешко можеше да се разликува кој е дојден за поддршка, а кој за провокација. Отспротива, без присутни помал број поддржувачи на бугарската ВМРО-БНД. Меѓу новинарите, пак, се појави човек што се претстави како наследник на Вапцаров и се обиде да му подари книга на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски

„Тука се е напишано, особено на последната страница си е напишано, тоа е ракопис на Никола Вапцаров каде што пишува кој е, што е.

–Ќе ви дадам јас една книга од нашата македонска историја што ја напишал Никола Јонков Впацаров за Македонија и неговиот македонски иднетитет. Следниот пат ви ветувам ќе ви дадам книга“,

објаснуваше лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

(ВИДЕО) Бугарскиот суд го затвора здружението што го отвори македонскиот клуб во Благоевград

„Во ликвидација“ – пишува во досието на Централниот регистар на Бугарија покрај...