
Свет
Вести
Силен потрес доцна синоќа го погоди Мароко, а неколку градови се со уништени згради. Многумина од луѓето ги напуштиле своите домови, а според првите информации од тамошното министерство за внатрешни работи, повеќе од 630 лица загинаа, а најмалку 329 се повредени.
Се стравува дека бројката на загинати ќе расте.
Мароканскиот геофизички центар соопшти дека земјотресот се случил во Игила во магнитуда од 7,2 степени. Геолошкиот институт на САД ја процени магнитудата на 6,8 и бил на длабочина од 18,5 километри.
Тешко погоден е и главниот град Маракеш.
„Мислев дека креветот ќе ми излета. Излегов на улица полугол и веднаш отидов да ја видам мојата куќа. Беше хаос, катастрофа, лудница“, рече французинот Михаел Бизет.
Европската Унија е подготвена да го поддржи Мароко по смртоносниот земјотрес, изјави на 9 септември претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел.
„Моите мисли се со сите погодени од оваа трагедија и со спасувачите вклучени во операцијата за пребарување. Вестите за земјотресот се застрашувачки. ЕУ е подготвена да го поддржи Мароко во овие тешки времиња“, напиша Мишел на платформата „Х“, поранешен Твитер.
Коментарите на Мишел дојдоа од индискиот главен град Њу Делхи, каде што тој учествува на Самитот на Г20.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.