Како што информираат од МВР, четири лица од кои две потешко се повредени во сообраќајна несреќа која се случила вчера попладне на крстосницата од бул.„Словенија“ и ул.„Качанички пат“ во Скопје.

Објавил: Весна Петровска | 9 декември, 2019 11:55

ПОВРЕДЕНИ 4 ЛИЦА ВО СКОПЈЕ: Страотна сообраќајка кај Качанички пат

Фото/Текст извор: ©онлајн магазин

Тешка сообраќајна несреќа се случила на Качанички пат во Скопје.

Како што информираат од МВР, четири лица од кои две потешко се повредени во сообраќајна несреќа која се случила вчера попладне на крстосницата од бул.„Словенија“ и ул.„Качанички пат“ во Скопје.

Во несреќата учествувале „Фолксваген“ управуван од Г.А.(52) од Скопје и „Фолксваген голф“ управуван од С.М.(41) од с.Батинци, скопско.

-Во незгодата со тешки телесни повреди се здобиле Г.А. и Д.Х.(21), сопатничка во неговото возило, додека возачот С.М. и сопатникот во неговото возило Г.Л.(27) од Р.Албанија, се здобиле со телесни повреди, информираат од МВР.

Приведените лица сите биле државјани на Република Северна Македонија, информираат од МВР.

Тие биле пренесени во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување лекарска помош. Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје.

Исто така МВР информира дека во Градскиот парк биле приведени неколку лица.

Во Полициската станица Кисела Вода вчера приведени се С.Љ.(21) и Д.М.(21), двајцата од Скопје.

-Лицата се приведени поради сомнение дека околу 15.10 часот во Градски парк кај езерцето, физички ги нападнале Е.К.(24), Љ.К.(19) и М.Б.(18), сите од Косово.

За случајот е известен е Јавен обвинител, а по документирање на истиот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Несреќа

Од итната помош додаваат дека повреденото лице е префрлено на лекување во скопските клиники.

ТЕШКА НЕСРЕЌА ЈА РАЗБУДИ МАКЕДОНИЈА: Еден загинат и еден повреден во сообраќајка на „Октомвриска револуција“

Како што соопштија од Итна помош Куманово, едно лице загина, а друго е повредено во...

Моментално на терен се екипи на МВР , а коловозната лента е делумно проодна. Не е познато дали има жртви. Увидот е во тек.

НАЈНОВА ВЕСТ: Страшна несреќа во Скопје- Се преврте возило во населбата Аеродром (ФОТО+ВИДЕО)

Тешка сообраќајна несреќа се случи вечерва на булевaрот ,,Јане Сандански”. Најверојатно...