Најново метео

Објавил: Сара Фемина | 30 септември, 2021 7:22

Повремени врнежи од дожд

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Денес времето во Македонија ќе биде претежно облачно и СВЕЖО за овој период од годината со повремени врнежи од дожд. Поинтензивни врнежи ќе има во западните предели каде локално се очекува да наврнат околу 20 л/м2 воден талог.

Ќе има услови и за ретка појава на грмежи, а ќе дува и слаб до умерен ветер од источен и од југоисточен правец. Температурите ќе се искачуваат во интервалот од 13 до 20 степени.

Во Скопје и околината времето ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец, додека температурата ќе се искачи до околу 19 степени.

Потоа утре, особено претпладне ќе има услови за повремен локален дожд, додека од попладневните часови ќе настапи постепено стабилизирање на времето, па за време на викендот, како и во почетокот од следната недела ќе имаме стабилно, суво и сончево време со мала локална облачност. Ќе дува слаб ветер од променлив правец, додека наутро ќе биде релативно студено со минимални температури кој понекаде ќе се спуштат и до околу 0 степени.

Максималните пак ќе бидат во пораст и ќе се искачуваат во интервалот од 17 до 24 степени.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Време

Ќе дува умерен до засилен ветер од југоисточен правец, додека температурите ќе се искачуваат во интервалот од 5 до 10 степени.

СЛЕДУВААТ ЧЕСТИ ВРНЕЖИ – ОСОБЕНО ВО ЗАПАДНИТЕ ПРЕДЕЛИ, ПОГОЛЕМО ЗАЛАДУВАЊЕ ВО ПОЧЕТОКОТ ОД СЛЕДНАТА НЕДЕЛА!

До крајот на денов времето во Македонија ќе биде облачно со врнежи од дожд. Поинтензивни...

Поинтензивни врнежи ќе има особено во западните предели, додека на повисоките планини врнежите ќе бидат од снег.

НАЈНОВИ НАЈАВИ: ДАЛИ ДОАЃААТ ПРВИТЕ ЗНАЧИТЕЛНИ ВРНЕЖИ ОД СНЕГ СЛЕДНАТА НЕДЕЛА?!

Како што веќе кажавме, утре ќе имаме променливо облачно и релативно суво време, додека...