Со тестовите на клупа, а телефоните во раце – повторно пробиени тестовите од државната матура.На две Вибер групи, матурантите ги споделиле тестовите по англиски јазик и математика потврдуваат од Државниот испитен центар.
Од таму велат дека сите “Вибер препишувачи” кои биле фатени од тестаторите биле отстранети од полагањето, а следната шанса ќе ја имаат во август.
“Значи празен тест кој што ученикот го сликал и бара од другите членови на групите да му помогнат во одговарањето, овој пат Вибер групата “англиски” имаше околу 3.000 ученици, a групата математика околу 300-400 корисници.Денеска имаше многу повеќе санкции за учениците бидејќи низ цела држава имаме ученици кои што се отстранети, дел од нив се отстранети од тестаторите, дел од набљудувачите” вели директорката на ДИЦ, Билјана Михајловска.
Во текот на полагањето имало и инцидент во кичевското училиште Мирко Милевски. Родител на ученик кој бил фатен како препишува и бил отстранет од полагање, вербало нападнал набљудувачи.
За дел од матурантите, тестовите биле лесни. Тие велат и овој пат имало услови за препишување.
Инаку, и првиот испит од екстерните предмети беше пробиен. Тестот по мајчин јазик, беше споделен на Вибер група со речиси 7.000 членови.
Во правилникот за матура стои дека испитот ќе биде поништен ако кандидатот користи телефон, полага во име на друг, или не го предава целиот материјал.
Матурантите најмногу беа заинтересирани за англискиот јазик. Математика полагаа само оние на кои им е потребнаа за упис на факултет.
Најдоцна до 8 јули Државниот испитен центар ќе ги објави резултатите од полагањето на двата екстерни испита.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.