Постапката за избор на раководно лице со јавното претпријатие е почната, но поради локалните избори одлуката е замрзната. Веднаш штом ќе дозволи Законот, изборот ќе биде направен“ велат од Комисијата за избор.

Објавил: Сара Фемина | 8 септември, 2021 19:54

ПОВТОРНО ДЕБАКЛ НА ГРАДЕЊЕТО НА РЕГИОНАЛНА ДЕПОНИЈА

Фото/Текст извор: ©тв 24

Регионалната депонија кај Мечкуевци наменета за 18-те општини од истокот и североистокот од државата ќе го почека крајот на локалните избори. Најавата беше дека до крајот на годината ќе биде распишан тендерот за изведба на депонијата и фабриката за отпад.

Но, сеуште актуелните градоначалници  не успеаја да се договорат за изборот на ве-де директор на заедничкото јавно претпријатие поради спор за тоа која општина треба да го делегира директорот: онаа на чија површина се наоѓа депонијата или онаа што произведува најмногу ѓубре. 

Постапката за избор на раководно лице со јавното претпријатие е почната, но поради локалните избори одлуката е замрзната. Веднаш штом ќе дозволи Законот, изборот ќе биде направен“ велат од Комисијата за избор. 

Месецов треба да започне и чистењето на 70-ина диви и затворањето и култивирањето на помалите нестандардни депонии во овие 18 општини. Овој дел од проектот чини 10 милиони евра. Изведувачите се избрани пред неколку месеци. Само Пробиштип ќе го носи ѓубрето директно во Мечкуевци, за останатите ќе има претоварни станици. 

Првичните проценки беа дека депонијата со работа ќе почне во 2023-та година, но тоа веројатно нема да се случи. Проектот за  регионалната депонија за овој дел од државата е почнат уште пред 12 години.

По целосното завршување ќе чини 46 милиони евра, грант од Европската унија преку програмата за регионален развој.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

Во врска со најавата на Заев за оставка ако не победи Шилегов за градоначалник, Петковски објаснува дека градоначалничката позција не е поврзана со позицијата на Владата.

Петковски: Неодговорна е изјавата на Заев дека ќе си поднесе оставка ако не победи Шилегов

Партиите изгубија, граѓаните добија на овие локални избори, вели Тито Петковски, во...

Директорот на МЕПСО објаснува дека во такви случаи се презема енергија од европската мрежа и досега земјава тоа го наравила четири пати без најава и добила четири предупредувања од Центарт во Швајцарија каде што се прават пресметките.

Директорот на МЕПСО за Телма: Трошиме двојно повеќе струја отколку што произведуваме, за октомври ќе треба да ѝ платиме на Европа 15 милиони евра

Директорот Куштрим Рамадани открива дека земјава четири пати без најава презела електрична...

Ковачки цитираше и дел од брифинзите, а потенцира и оти биле давани насоки и се договарани и физички пресметки како и закани по живот за прилепчани.

СКАНДАЛ: Полицајци блиски до СДСМ договарале малтретирање на граѓани за изборите

Полицајци блиски до СДСМ следеле членови на ВМРО-ДПМНЕ за време на изборната кампања....