Сите патници побегнале од автобусот, исплашени од моменталната ситуација која настанала.

Објавил: Рејхан Бајрами | 15 февруари, 2019 19:11

Повторно инцидент со автобусите на Дурмо турс ! Патниците исплашени побегнале од автобусот

Фото/Текст извор: ©онлине / магазин

После два дена од тешката несреќа која се случи на патот од Скопје за Тетово, утринава повторно Дурмо турс имаше нов инцидент во Гостивар и за среќа нема повредени патници, но како што сведочат патниците настанала паника во автобусот.

Утринава настанала паника во автобускиот превозник Дурмо турс, кога патниците кои се качиле на редовната линија за Скопје за кратко биле принудени да го напуштат автобусот.

Сите патници побегнале од автобусот, исплашени од моменталната ситуација која настанала. 

Трагите од кочење на булеварот Браќа Гиновски сведочат за инцидентот што се случил утринава. Како што тврдат двајца патници за Сител ТВ, тие тргнале да посетат свој колега кој е еден од повредените во несреќата која се случи пред два дена кај местото Ласкарци.

Патниците изјавија дека автобусите на Дурмо турс се многу стари и можеби затоа задните тркала се блокирале во кочењето, при тоа што настанала голема паника во автобусот.  Патниците изјавија за шоферите дека не било проблем до нив ,туку до старите автобуси на Дурмо турс.

Пред два дена во истиот превозник Дурмо турс од засега непознати причини, при тешка сообраќајна несреќа, загинаа 15 лица а многу патници се наоѓаат во критична состојба во ургентниот центар во Скопје.

Како дошло до стравичната несреќа засега не е познато, се надеваме дека во наредните денови ќе се знае причината за несреќата.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.