До 2023 година една кутија може да чини и близу 200 а некои цигари ќе достигнат и до 300 денари

Објавил: Катерина Крстиќ | 13 март, 2019 15:37

Ново поскапување на цигарите- една кутија ќе чини и до 300 денари

Фото/Текст извор: ©magazin.mk

Повторно поскапување на цигарите во Македонија. Цигарите стануваат луксуз. Од минатата недела, во сите продавници поголемиот број брендови цигари се продаваат за околу 5 денари поскапо.

Граѓаните велат дека не се доволно информирани за поскапувањето, туку тоа го дознаваат во моментот кога треба да ги платат цигарите. За одредени брендови на цигари сега плаќаат дури 35 денари повеќе од нивната првична цена, односно пред да се започне со поскапувањата. 

Според предвидениот план цигарите од јануари 2017 година па во наредните 6 години се планира да поскапуваат по 4 до 5 денари за кутија годишно. Тоа значи дека на крајот од циклусот во 2023 година една кутија може да чини и близу 200 а некои и до 300 денари.

Инаку последното поголемо покачување на цигарите беше лани во април кога некои цигари поскапеа дури и за 10 денари.

Акцизата на цигарите постепено треба да се зголемува во наредните години.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.