Ова е првиот конкретен чекор откако вчера СПЦ ја врати МПЦ во канонско единство.

Објавил: Сара Фемина | 17 мај, 2022 17:30

ПОГЛАВАРИТЕ ПОРФИРИЈ И Г. Г. СТЕФАН НА ЗАЕДНИЧКА ЛИТУРГИЈА ВО БЕЛГРАД

Фото/Текст извор: ©24.мк

Ден по влегувањето во канонско единство со СПЦ, поглаварот на Македонската православна црква г.г. Стефан и српскиот патријарх Порфириј во четврток ќе одржат заедничка литургија во храмот „Свети Сава“ во Белград. На литургијата ќе сослужуваат сите архијереји од двете цркви.

Ова е првиот конкретен чекор откако вчера СПЦ ја врати МПЦ во канонско единство.

Но, дилемата која се појави по вчерашното соопштение на српскиот Сабор за враќање на автономниот статус на МПЦ остана и денеска. Втор ден молк од Македонската православна црква.

Портпаролот на Синодот на МПЦ Владиката Тимотеј и денеска не креваше телефон, за да објасни дали навистина МПЦ барала да и се врати автономниот статус во рамките на СПЦ, доделен во 1959 година. За Владиката Петар вчерашната одлука за канонско и литургиско единство е најважната работа од вчерашниот Собор на СПЦ, пренесува порталот МКД МК. 

„СПЦ и другите цркви се согласни да сослужуваат со нас. Тоа за нас е битното. Тука завршува сѐ. Оттука сега одиме натаму. Не станува збор тука за статус, автономен, автокефален, тоа што некои така коментираат само прикаски раскажуваат“.

Но, спротивни реакции за вчерашната одлука на СПЦ доаѓаат и денеска. Поранешниот амбасадор Ивица Боцевски за Студио 10 вели дека Македонската православна црква доброволно се откажала од одлуките за афтокефалност и се вратила во ситуацијата која ја имала во 1959 година кога и била призната најширока автономија во рамките на Српската православна црква.

Сепак, црковни извори на ТВ 24 коментираат дека вчерашната одлука за враќање на автономијата на МПЦ во рамките на српската црква е само преодна фаза до прогласување автокефалност, нешто што може да се случи дури и деновиве, додека трае Соборот на СПЦ.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Религија

Преподобниот Наум Охридски- Чудотворец има два празника, едниот е во зимскиот период и се празнува на 5 јануари (23 декември по старо), а другиот во летниот период 3 јули (20 јуни по стар календар)


Манастирот „Св. Наум“ е изграден на висока карпа, над самото Охридско Езеро, на неговата најјужна точка, во една месност со ретка природна убавина. Подигнувањето на овој манастир е поврзано со името на Наум, Климентовиот соработник. Св. Наум, пред крајот на својот живот, го основал манастирот Св. Архангел и во 910 година бил погребан во него. Околу манастирот има повеќе други црквички, како: Света Петка, Свети Атанасиј, Агијазмо и др.

Заради тоа што одењето во манастирот било отежнато во зимски услови со одлука на светиот синод е решено празнувањето да се префрли на 3 јули, а датумот никогаш не се менува.

Празнувањето започнува уште ноќта на 2 јули кога многу верници се упатуваат во црквите и манастирите кои го носат името на светецот “Св. Наум“ да се помолат и запалат свеќа за здравје. Во дворот на црквата стојат со свеќи или некои чекаа да се качат внатре каде има и верници кои се молат и бдеат цела ноќ за здравје, а болни за исцелување. Се смета дека чудотворните исцелителски моќи на Св. Наум им помогнале на многу луѓе кои верувале.

Имено Св. Наум остана запаметен како чудотворец со моќта да лекува и за време на животот и по смртта, да лекува од најразлични болести и луѓе од различни вероисповести, односно сите што искрено и со верба му се обраќале без разлика на вера и припадност.

За животот и дејноста на Св. Наум се знае дека заедно со Св. Климент Охридски се едни од петмината ученици на словенските просветители Св. Кирил и Методиј кои учествувале во Моравската мисија во Рим во 9 век. По смртта на Методиј преку Бугарија дошол во Македонија и брегот на Охридското Езеро го изградил манастирот кој го носи неговото име.

Но, споменот на Св. Наум најповеќе останал во народните преданија и легенди. Во овие прозни народни умотворби народот раскажувал за сето она што го привлекувало неговото внимание, а било во врска со светителот ( лекување болни, скротување на зверови, изградба на манастирот, негова заштита). Во преданијата и легендите се раскажува за изборот на местото за лекување на лица од страна на светителот и подарување на имот на манастирот, за подарување н камбани и и други дарови на манастирот од оние на кои им помогнал.

Кога починал свети Наум на Земјата, Господ го одредил да биде во вечен рај, поради големите добродетелства што ги правел. Бидејќи во небесниот рај немало толку убаво место што одговара за Св. Наум Господ со рака му покажал кон неговиот манастир велејќи му: Она е твојот рај. Ти таму ќе бидеш засекогаш!“ Ете зошто свети Наум и сега е во неговиот манастир покрај Охридското Езеро“каде и натаму му помага на оние кои низ молитвите молат да им помогне.

Денес се празнува Свети Наум Охридски Чудотворец

Преподобниот Наум Охридски- Чудотворец има два празника, едниот е во зимскиот период...

Патријархот истакна и дека е многу среќен затоа што и Србите и Македонците во Северна Македонија се среќни за автокефалноста на Македонската православна црква.

Патријархот Порфириј препорача МПЦ сега да најде соодветно име.

Исто така, Патријархот Порфириј истакна дека црквата не може да биде оружје и дека не е оружје за постигнување други цели.

Патријархот Порфириј му го врачи томосот на Архиепископот Македонски и Охридски Стефан

Српскиот патријарх Порфириј денеска во Соборната црква во Белград на архиепископот...

По заедничката литургија на МПЦ-ОА и СПЦ во Скопје, патријархот Порфириј ја соопшти одлуката на Саборот кој „еднодушно излегол во пресрет на молбата на МПЦ-ОА“ и ја признал нејзината автокефалност.

Литургија во Соборниот храм во Белград, патријархот Порфириј ќе ѝ го врачи томосот на МПЦ-ОА

Во соборниот храм во Белград во тек е света архијерејска литургија која ја служат патријархот...