Архиепископот Стефан денеска откри што всушност бара Цариград од МПЦ-ОА во замена за Томос за автокефалност.
Прашан кога ќе биде доделен томосот, тој за штипската телевизија ТВ Стар одговори – кога ќе се исполни времето.
„Тоа не може да се претпостави. Може да биде и утре, а може да биде и задутре. Така што ние да ја чуваме црквата, да ја градиме црквата, да градиме односи и релации со другите помесни православни цркви. Тоа ќе дојде кога ќе се исполни времето како што порачува и апостолот Павле“, вели г.г. Стефан.
Прашан што конкретно се бара од македонската црква, тој рече дека и биле поставени неприфатливи услови.
„Вселенската патријаршија која не упатуваше на тоа и за кое впрочем се потпишани сите православни цркви во Шамбези дека така треба тоа да се случува не прифати во заедничко сослужување во канонско единство со сите православни цркви. Ако ни даде томос ние ќе го прифатиме, но условите кои ни се поставуваат се неприфатливи за нас – откажување од името македонска православна црква, отстапување на македонската дијаспора и признавање на украинската црква која ја призна Цариград“, дополнува поглаварот.
Според поглаварот на МПЦ-ОА, некои барања на Цариградската патријаршија тешко ќе бидат позитивно одговорени и реализирани, особено тие поврзани со името и со дијаспората.
„Името ние си го имаме, тоа име е наше на никој друг не припаѓа и затоа не треба никој да бара да се откажуваме ние од нашето име, а името на нашата црква е Македонската православна црква возобновена Охридска архиепископија затоа се соджаи и двете имиња во името на нашата црква. Дијаспората кога ќе превземат од сите други народи православни кои имаат своја дијаспора тогаш нека биде и нашава но, тоа прашање тешко ќе биде реализирано односно одговорено во позитивна насока кон барањата на Цариградската патријашрија“,посочи поглаварот охридски и македонски, г.г.Стефан.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.