Нивните две ќерки ги носат имињата на своите баби, Надица, по мајката на Дарко и Марија по мајката на Маја.

Објавил: Стојче Бушин | 27 септември, 2020 11:05

Погледнете во какви убавици пораснаа ќерките на Дарко Панчев(ФОТО)

Фото/Текст извор: ©glamur.mk

Помладата ќерка на фудбалската Легенда Дарко Панчев, Марија е мултиталентирана и веќе некое време успешно се занимава и со манекенство, пишуваат нашите медиуми. Таа е вистинска убавица и веќе некое време се остварува во професијата како модел.

Таа е дел од модното студио „Моделс ин“, а од нејзините фотографии на социјалните мрежи можеме да претпоставиме дека пред неа е успешна иднина како модел.

Марија- ФОТО: Инстаграм

Што се однесува до нејзината постара сестра, Надица, таа ги сака јазиците и студира Германски јазик и книжевност на филолошкиот факултет во Скопје. Како што вели нивната мајка, тие и двете имаат афинитет кон уметностите, односно кон музиката и модерниот танц, а Надица беше во центарот на вниманието и на својата матурска прослава, кога со својот преубав матурски фустан ги воодушеви сите. Имено, принцезата на тато и мамо тогаш едноставно блескаше во малиот бел фустан зачинет со тантела, а комплиментите од пријателите не престануваа да се редат под фотографиите што Надица тогаш ги објави на социјалните мрежи.

Инаку, Маја и Дарко се во брак веќе подолго време и животот го живеат мирно и без скандали.

Надица- ФОТО: Инстаграм

Нивните две ќерки ги носат имињата на своите баби, Надица, по мајката на Дарко и Марија по мајката на Маја.

Панчев е поранешен југословенски и македонски фудбалер кој се смета за еден од најголемите македонски фудбалери на сите времиња.

Своите фудбалски почетоци ги бележи во ФК Вардар Скопје во младинската школа на истоимениот клуб. Уште на самиот почеток од својата фудбалска кариера ги изразил своите напаѓачки атрибути.

Од 1982 до 1988 година играл за својот матичен клуб, а откако ќе ги забележат неговите одлични голгетерски способности ќе му се отвори нов хоризонт кон неговата кариера и тоа во гигантот Црвена Ѕвезда, за кој играше четири години!

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Интересно

За неа се знаеше дека црната коса и црвениот кармин ѝ се заштитен знак. Низ годините не ја менуваше бојата на косата.

(ФОТО)Како 20-годишна девојка: Зорица Заева преполовена и со нов младешки стил

Сопругата на премиерот Зоран Заев, Зорица Заева изгледа непрепознатливо а и за неколку...

Младиоот крушевчанец кој е популарен кај девојките добива одлични коментари за песната на Јутјуб. „Кристијан, имаш преубава боја на глас и браво, браво, браво за песната!

ДАЛИ ЌЕ ГО ПРЕПОЗНАЕТЕ: Ова е Христијан внукот на Тоше Проески- има 22 години и крши женски срца, ДАЛИ ЛИЧИ НА НЕГОВИОТ ВУЈКО?

Внукот на Тоше Проески, Кристијан Ристески беше во основно училиште кога го загуби...

Парот ја својот Јутјуб канал објави видео на кое се гледа како Луна му ја соопштува веста на својот партнер, по што следеа низа честитки и објави на Инстаграм.

Луна Џогани е БРЕМЕНА: Еве како реагираше Марко кога дозна дека ќе стане татко (ВИДЕО)

Познатиот српски пар Луна Џогани и Марко Миљковиќ вчера откри дека го очекуваат своето...