Култура
Видео
Ах, колку е прекрасна глетката во паркот Кеукенхоф,каде што можат да се видат најубавите цвеќиња.

Овој парк се наоѓа во непосредна близина на Амстердам и е создаден во 1949 година, од страна на тогашниот градоначалник на градот Лисе и е најголемиот цветен парк во светот, кој се простира на површина од 32 хектари, а секоја година се садат околу 7 милиони цветови!
Инаку секоја година темата на паркот е различна.
Најубаво за посета е во април и мај, кога цвеќињата ја добиваат својата убавина, нивните силни бои и прекрасни мириси. Иако за многумина е познат како паркот на лалињата, сепак во овој парк не се става акцент на едно одредено цвеќе, туку целта е да се пренесе убавината на сите цветови подеднакво.

Инаку лалињата во Холандија може да ги видите во секоја куќа и сечиј двор, па токму затоа првата асоцијација за оваа земја се токму прекрасните лалиња, кој на овие простои пристигнале во текот на 16-тиот век а веќе на средината на 17-от век станале толку популарни, што еден цвет можел да се продаде по исклучително висока цена која некогаш е повисока и од 1.500 евра.
Во Кеукенхоф сезоната на цветање започнува во март, најпрво со цветање на качунките, потоа следува нарцисот и во април расцветуваат лалињата и зумбулите, а во август гладиолите.
Уживајте во прекрасниот Кеукенхоф и барем за овие неколку минути додека го гледате видеото препуштете се прекрасната глетка и замислете колку би било убаво барем еднаш секој од нас да го посети овој парк кој буквално е како од бајките.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
Поврзани вести со оваа тема
Најчитани вести



Останати вести од Видео
Најнови вести

Тикер вести
You must be logged in to post a comment.