Манифестацијата беше водена од Горан и Силвија Стојановски.

Објавил: Сара Фемина | 19 декември, 2019 21:56

Погледнете како уапсената Силвија го најавуваше Боки 13 на „неговите“ Story Awards: ТОЈ Е ФЕНОМЕН

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Во март оваа година, Боки 13 беше организатор на една манифестација на српското списание „Стори“, а водителка беше верувале или не – денеска уапсената Силвија Стојановска, објави Канал 5.

Манифестацијата беше водена од Горан и Силвија Стојановски. 

Познатата македонска актерка која е актуелна со серијата „Фамилија Марковски“ е осомничена за шверц со дрога која требала да се пренесува во Шпанија. Таа попладнево беше приведена и даваше изјава пред Кривичниот суд.

Силвија Стојановска го најавуваше Боки 13 на „неговите“ Story Awards. 

Триесетдневен куќен притвор вечерва и е определен на актерката Силвија Стојановска отако претходно таа беше спроведена пред судија на претходна постапка во Кривичниот суд во Скопје.

Покрај неа, пред судија на претходна постапка беше изведено уште едно лице за кое по барање на Обвинителството му е определен 30дневен притвор.

– Пред судија на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје доцна попладнево беа спроведени две лица со предлог на Обвинителството за определување мерки за обезбедување присуство. По ценење на фактите и доказите, судија на претходна постапка го прифати предлогот на Обвинителството и на С.С. и определи мерка „куќен притвор“, а на В.Б. му определи мерка притвор за двајцата во траење од 30 дена, информираат од Кривичниот суд за МИА.

Погледнете ја „фантастичната“ најава на денес дома притворената актерка Силјановска, која за Бојан Јовановски ќе рече :„На некој начин – тој е феномен“.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Анализа

Апелациониот суд Скопје ги укина пресудите за предметот „Титаник 2“ против Сашо Мијалков, Мендух Тачи, Бедредин Ибраими и тројца поранешни членови на Државната изборна комисија од ВМРО-ДПМНЕ, дознава неофицијално СДК.

Апелација ја укина пресудата за Мијалков за „Титаник 2“

Предметот за Мијалков и Тачи во случајот Титаник 2 се вратени на повторно судење по...