Како што објави Зоран Буревесник Божиновски од извор вработен во КПД ШТИП, Чавков заедно со своите началници се луксузира, пие алкохол и пуши кубански пури.

Објавил: Катерина Крстиќ | 18 септември, 2019 10:43

Чавков лумпува во затвор- пие алкохол, пуши кубански пури, јаде скари и се дружи со началници( ФОТО)

Фото/Текст извор: ©магазин.мк Фото: Фејсбук Зоран буревесник Божиновски

Поранешниот министер за внатрешни работи на Република Македонија Митко Чавков се забавува во затворските ќелии, по што секој би помислил дека да се биде во затвор и не е така лошо.

Митко Чавков во затворските ќелии со своите пријатели јаде скари, пастрмајлии и пие алкохол! Фото: Зоран Буревесник Божиновски!

Како што објави Зоран Буревесник Божиновски од извор вработен во КПД ШТИП, Чавков заедно со своите началници се луксузира, пие алкохол и пуши кубански пури.

Златниот командир Митко Чавков заедно со своите началници ужива, се луксузира, пие алкохол во затвор, пуши КУБАНСКИ ПУРИ пратени од лидерот на ДПМНЕ, надзорниците ги служат со готова храна од надвор: пастрмајлии, скари, риби итн. Се прашуваме дали за златниот командир за 27 април постојат златни правила на погодности:

-поседување
-користење
-фотографирање
-снимање/мобилен телефон

Додека за останатите затвореници важи правилник од Управата за санкции со куќен ред и едвај врзуваат крај со крај, јадат затворска храна.

Очекуваме јавноста и Управата на КПД Штип да дадат свое мислење за осудениот Златен командир ЧАВКОВ и неговите пајташи началници осудени за организирање и овозможување на насилниот упад на 27 април…

(авторот е вработен во КПД ШТИП), објави Зоран Буревесник Божиновски.

Зоран Буревесник Божиновски објави ексклузивни фотографии од Митко Чавков!

За потсетување поранешниот министер за внатрешни работи и директор на БЈБ, Митко Чавков, е осуден на  18 години затвор за упадот во Собранието на 27 април. 

Митко Чавков е роден на 24 јануари 1963 во Ново Село, Струмичко — тој е македонски политичар и поранешен министер за внатрешни работи на Република Македонија. На оваа функцијата стапил на 13 мај 2015 година, по оставката на Гордана Јанкулоска.

Дипломирал на Факултетот за безбедност во Скопје, магистрирал и докторирал на Правниот факултет во Скопје.

Работното искуство го почнува во Министерството за внатрешни работи. По завршување на приправничкиот стаж работел како инспектор во УБК, началник на Секторот за криминалистичка полиција во Регионалниот центар на МВР во Струмица, заменик-началник на РЦ на МВР во Струмица, виш инспектор за дрога во МВР, началник на Секторот за криминалистичка полиција во РЦ на МВР во Струмица, самостоен инспектор за финансиски криминал во РЦ на МВР во Гевгелија.

Чавков потоа работел и како главен инспектор за финансиски криминал во одделот за организиран криминал во МВР, началник на одделот за организиран криминал во Централните полициски служби во Бирото за јавна безбедност при МВР, началник на Центарот за сузбивање на организиран и сериозен криминал во Централните полициски служби во Бирото за јавна безбедност при МВР, началник на централните полициски служби во Бирото за јавна безбедност при МВР и директор на Бирото за јавна безбедност при МВР.

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

Меркел по самитот на лидерите на ЕУ во Брисел рече дека не е тајна оти за време на расправата за проширување, Франција, Холандија и Данска имале резерви кон натамошните чекори на Скопје и Тирана.

Меркел жали дека немало консензус за отворање преговори со Северна Македонија и Албанија

Германската канцеларка Ангела Меркел на крајот на Самитот во Брисел изрази дека немало...

На лидерската средба, како што соопштија од кабинетот на претседателот, се поканети претседателот на СДСМ Зоран Заев, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, претседателот на ДУИ Али Ахмети претседателот на Алијанса за Албанците Зиадин Села, претседателот на Алтернатива Африм Гаши и претседателот на Движење Беса Билал Каса

ПЕНДАРОВСКИ ИСПРАТИ ПОРАКА ДО НАЦИЈАТА: Време е да се обединиме – претседателот закажа лидерска во недела

Лидерска средба на иницијатива на претседателот Стедво Пендаровски, на која ќе присустуваат...

Доколку биде направена таква грешка тогаш не треба да се лутиме за проблемите што ќе настанат – што ќе има џихадисти, влијанија од Русија, Турција или Кина.

БОРИСОВ: „Би се направила историска грешка ако ЕУ ги одбие Македонија и Албанија„

Република Македонија и Албанија треба веднаш да добијат датум за преговори. Би се направила...

Инаку непосредно пред почетокот на Европскиот совет во Брисел, францускиот претседател Емануел Макрон при пристигнувањето во Советот им се обрати на новинарите и во таа пригода не кажа ништо за прашањето за проширувањето и датумот за почетокот на преговорите, кое ќе биде една од точките на Самитот, јавува дописникот на МИА.

Дописничката на МИА напиша: Македонските лидери да сфатат дека за Македонија нема место во ЕУ

Дописничката на државната МИА, внука на Борјан Јовановски, Тања Милевска апелира до...