Малиот Љуба доаѓа од Белград и има само шест години а веќе технички и музикално пее како возрасен. Љуба Станковиќ првпат се појави на музичкото шоу ПИНКОВЕ ЅВЕЗДИЦЕ во Белград со само пет години ги освои симпатиите на публиката а посебно на жирито кои не криеја дека се воодушевени.
Љуба освен што многу добро пее има и смисла за сценски настап, и многу добро ја владее сцената.
Малиот супер талент од Белград за една година напредна многу, неговиот труд и поминатите часови на вежби очигледно го дадоа својот резултат.
Композицијата Бато ја испеа нашата дива Калиопи Букле, а ја напиша нејзиниот тогашен сопруг Ромео
Нашата пејачка со раскошен глас, Калиопи Букле, е популарна и сакана низ цела поранешна Југославија.
Она што луѓето прво го мислат кога се спомнува нејзиното име е песната “Родени” или “Бато”, која веќе со децении е една од најубавите поп песни во регионот. Калиопи за тоа како настанала БАТО: .”Бевме на турнеја по тогашниот Советски сојуз во 1987 година и беше многу напорно. Турнејата траеше скоро три месеци. Имавме понекогаш и две концерти во еден ден. Едната ноќ не можевме да спиеме, а Ромео (тогашна сопруг), не заспа неколку дена, ја зеде гитарата и ја направи песната “Родени” (Бато). Се сеќавам како денес кога јас ги слушнав првите звуци на песната почувствував неверојатна магија, ”
Дека БАТО е навистина безвременска погледнете и од настапот на малиот Љуба
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.