Израелскиот фармер Каци Ариел претстави јагода од својата градина, која е најголема во светот.
Јагодата тешка 290 грама влезе во Гинисовата книга на рекорди како најтешка на светот.
Јагодата се одгледувала во селото Кадима во централен Израел.
Со тежина од 290 грама (299 со стебленце), тежи 40 грама повеќе од најголемата јагода некогаш одгледувана во 2015 година во јапонскиот град Фукуока.
Градинарската јагода (Fragaria × ananassа) е од вкрстени видови која се одгледува низ целиот свет заради нејзиниот плод ,така наречената јагода.
Плодот (кое не е зрнесто, не е соединето овошје) секаде е познат по неговата карактеристична арома, светлоцрвена боја, соковна текстура и сладина.
Се конзумира во големи количини, свежо или пак зготвено како компот, сок, сладолед, и милкшеик. Вештачката арома (вкус) на јагода исто така се користи во многу прехранбени производи.
Јагодата за првпат се одгледувала во Бретања, Франција во 1750 –те години преку Fragaria virginiana донесена од источна Северна Америка и Fragaria chiloensis која е донесена од Чиле од страна на Амеде Франсоа Фрезје во 1714 година.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.