Првата таблата со „Северна Македонија“ ќе биде поставена на граничниот премин со Грција?

Објавил: Сања Кукиќ | 11 февруари, 2019 9:38

Подготвени таблите со Репулика Северна Македонија

Фото/Текст извор: ©онлине-магазин

Првите табли со ново име „Република Северна Македонија“ ќе бидат поставени на граничните премини.  Планирано е да бидат набавени околу 1.000 во различни големини, зависно од институцијата. Колку ќе чинат сите не е испланирано.

Првата табла со новото име на државата „Република Северна Македонија“ најверојатно ќе биде поставена на граничниот премин со Грција, „Евзони“ или „Богородица“.

На социјалната мрежа „твитер“ се појави фотографија од таблата со новото име на државата, кое неделава ќе почне да се користи и во меѓународна употреба. Фотографијата ја објави грчкиот твитерџија Панос.

Во меѓувреме и Владата ги отстрани буквите од фасадата, за да биде додаден зборот „Северна“.

Набавката ќе ја спроведе СОЗР при Владата“. На таблите ќе стои институцијата со новото име, преведена и на албански и англиски јазик.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Актуелно