Светата великомаченица Варвара настрадала во 306 година, а Светата црква споменот на нејзиното име го празнува на 17/4 декември. Нејзините мошти се наоѓаат во Киев, а светото предание сведочи дека таа повеќе пати се јавувала, некогаш сама, некогаш со Пресвета Богородица.

Објавил: Валерија Петрова | 11 декември, 2019 20:11

Подгответе се: Ни доаѓа празникот на жената и децата – Света Варвара!

Фото/Текст извор: ©онлајн магазин

Еден од поголемите празници што нашиот народ ги празнува со домашни служби е и празникот на светата великомаченица Варвара. Повеќе села и топоними низ цела Македонија го носат нејзиното име што зборува за раширеноста на нејзиниот култ кај нас. Затоа што била христијанка ја погубил нејзиниот татко, кој бил паганин, во 306 година.

Светата великомаченица Варвара настрадала во 306 година, а Светата црква споменот на нејзиното име го празнува на 17/4 декември. Нејзините мошти се наоѓаат во Киев, а светото предание сведочи дека таа повеќе пати се јавувала, некогаш сама, некогаш со Пресвета Богородица.

Празникот на Светата великомаченица Варвара народот најчесто го поврзува со заварување (затекнување), варење и сл . Поради тоа и обичаите и верувањата што се изведуваат на тој ден се во таа насока.

Варење жито на овој ден среќаваме и во Кумановско. Овде најчесто во ѓезве вареле пченка и пченица (мешан бериќет) и сите од куќата каснувале утрото пред да одат на работа. Тоа се правело за да не се запече полето да биде влажно како водата во ѓезвето и да тера бериќетот. Истиот ден се јадел варен грав за да не го тепа град полето.

Во Велешко верувале дека од Варвара до Игнат денот се кревал колку врв од игла, а од Игнат до Васил пак како врв од игла.

Култот на Светата маченица Варвара особено популарен бил во Разлошко каде што се верува дека таа била од овој крај и дека тука настрадала. Овде се изведуваат интересни обичаи, се празнува со собири и панаѓури. Тогаш девојките и момчињата се облекувале во специјална облека, со специјални капчиња на главите оделе кај црквата „Света Петка” над селото, таму играле и пееле, а потоа се враќале и во групи, ужинале во некоја куќа каде што специјално за нив се готвела храна. Потоа пак играле и пееле повеќе обредни песни меѓу кои и „Света Варвара букосава Свети Никола”.

Очигледно е дека култот на светата маченичка Варвара е доста раширен во Македонија. За тоа зборува и фактот што многу семејства овој ден го имаат за домашен празник и го празнуваат со домашни служби.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Живот

Факт е дека веста за смртта на Коби пренесе силна порака до сите нас и се соочивме длабоко со егзистенцијалистичкото прашање за смислата / апсурдноста на животот.

Каква порака ни испрати веста за трагичната смрт на Коби Брајант ?

Вчера светот го потресе веста за смртта на легендарниот НБА кошаркар Коби Брајант....

Потоа доаѓаме до Верушевски како сведок кој тврди дека тие разговори се дадени на СДСМ, дека тие разговори се снимени по нарачка на Верушески кај двајца народни херои кој ги прогласи Заев и јас тврдам дека тие разговори не се по потекло на државната безбедност односно управата за државна безбедност.

Латас призна дека креирал политики со Груевски(ВИДЕО)

Во емисијата на Алфа ТВ „Што не е јасно” со Горан Момировски, гостуваше македонскиот...

Секој четврти срцев удар по правило е “тивок убиец”. Луѓето многу често не ги знаат симптомите и на тој начин во последните пет години, алармантно е зголемена смртноста.

Ова се тивки симптоми на инфаркт!

Можеби не сте знаеле, но човечкото тело е во состојба да испрати предупредување за...