По иницијативата на Видед Бушамауи од Тунис

Објавил: admin@magazin | 4 април, 2019 10:26

Поддршка за номинацијата на Заев и Ципрас за Нобел од 33 европратеници од 16 земји

Фото/Текст извор: ©magazin.mk

По прв пат на Балканот со покажано лидерство се постигнува ваков иновативен договор, пишуваат 33 европратеници од 16 земји и шест политички групи од Европскиот Парламент, во писмото до Норвешкиот комитет за Нобел, со кое ја поддржуваат иницијативата на Видед Бушамауи од Тунис, премиерите Зоран Заев и Алексис Ципрас да бидат добитници на Нобеловата награда за мир за 2019.

Потписниците велат дека се апсолутно убедени оти „предлогот на госпоѓа Бушамауи е правилен пристап и има големо значење, особено земајќи ги предвид сложените  разлики во регионот на Западен Балкан, што многу страдаше од војните“.

Писмото потпишано и од тројца европратеници од СИРИЗА, во целост го објави и грчката новинска агенција АНА-МПА и европратеникот Димитрис Пападимулис на неговиот официјален сајт, јави дописничката на МИА од Атина.

Потписниците велат дека се апсолутно убедени оти „предлогот на госпоѓа Бушамауи е правилен пристап и има големо значење, особено земајќи ги предвид сложените  разлики во регионот на Западен Балкан, што многу страдаше од војните“.

Ова е прв пат на Балканот да се постигне таков иновативен договор. И двајцата премиери го направија овој чекор напред, имајќи голем домашен притисок, а дека на крај стигнаа до таков позитивен резултат, се должи на нивното лидерство. Нивната номинација за Нобеловата награда за мир, испраќа порака до сите дека храброста и прогресивното размислување над националните граници треба да бидат наградени, пишуваат европтатениците во нивното писмо во кое објаснуваат зошто ја поддржуваат номинацијата на двајцата премиери.

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Политика

Тој исто така посочи дека кога ќе дојде на власт на 12 април, никогаш нема да се меша во судската власт како што тоа досега го правел Заев.

Мицкоски грми од говорница: Заев ќе го добие најголемиот пораз од НАРОДОТ

Започна протестот на ВМРО ДПМНЕ, кој го предводи лидерот на партијата Христијан Мицкоски. Мицкоски...

Денеска Милошоски е повикан во Кривичниот суд за да ги предаде материјалите со кои располага, и кои јавно ги објави на прес- конференција.

Како ги добив така ги објавив снимките- Милошоски ги достави материјалите кај Рускоска

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски за телевизија Алфа рече дека како што ги...