– Тие се сомничат дека вчера во периодот од 9 до 9 часот и 30 минути, на Одделението за кожни болести во тетовската клиничка болница, физички го нападнале лекарот А.Е.( 45 )

Објавил: Рејхан Бајрами | 7 септември, 2019 13:43

Поднесена кривична пријава за браќата кои претепаа лекар во Тетово!

Фото/Текст извор: ©онлине / магазин

Како што соопшти Министерството за внатрешни работи, секторот за внатрешни работи Тетово денеска поднесе кривична пријава против А.Б.(43) од тетовска Голема Речица и неговиот брат Л.Б.(40 ) од Тетово, поради основи на сомнение дека сториле кривично дело „насилство“.

– Тие се сомничат дека вчера во периодот од 9 до 9 часот и 30 минути, на Одделението за кожни болести во тетовската клиничка болница, физички го нападнале лекарот А.Е.( 45 ). А.Б. и Л.Б. се лишени од слобода и задржани во Полициската станица Тетово – велат од МВР.

Во текот на денешниот ден, со соодветен поднесок, тие ќе бидат изведени пред судија во претходна постапка на Основниот суд Тетово.

Вчера на кожното Одделение во клиничката болница во Тетово бил нападнат лекар, а случајот беше пријавен во тетовската полиција. Од полицијата известија дека напаѓачите се уапсени.

-Пријавено е дека на Кожното одделение во тетовската клиничка болница физички бил нападнат лекарот А.Е.(45) од Тетово. Тој бил нападнал од пациентот А.Б.( 43 ) и неговиот брат од Голема Речица.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Инциденти

Од месната заедница Галичник соопштија дека пожарот избувнал над хотелот „Неда“, а за состојбата известени се надлежните органи.

Голем пожар беснее над Галичник, испратен е хеликоптер за гаснење на огнот

Голем пожар избувна попладнево над Галичник. Според информациите, зафатена е борова...

Протестот почна од паркот во Чаир, но пред Мавровка бројни полициски сили и окопни транспортери ги запреа демонстрантите.

СЕДУМ ПОЛИЦАЈЦИ ПОВРЕДЕНИ НА ПРОТЕСТОТ ПРОТИВ ПРЕСУДИТЕ ЗА „МОНСТРУМ“

По три часа тензии, заврши протестот за случајот „Монструм“. Дел од демонстрантите,...

Од МВР за Сител велат дека полицијата интервенирала поради загрозување на здравјето на граѓаните во услови на глобална пандемија.

Вевчани и Вевчанци беа нападнати од сопствената власт

И покрај апелите од надлежните, вевчанци не се откажаа од одржување на традиционалниот...