Политичката партија Левица и нашите двајца пратеници во Собранието на Република Македонија, во законски предвидениот рок од 30 дена, поднесоа осум поединечни тужби пред Управниот суд против Собранието на РМ, како јавен орган!

Објавил: Стојче Бушин | 23 септември, 2020 14:05

Поднесени осум тужби против Собранието на РМ

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

Политичката партија Левица и нашите двајца пратеници во Собранието на Република Македонија, во законски предвидениот рок од 30 дена, поднесоа осум поединечни тужби пред Управниот суд против Собранието на РМ, како јавен орган, за поведување управен спор заради непочитување на процедурата за верификација на мандатите на следниве осум пратеници: Бедри Фазли и Фисниќе Бектеши Шаќири од ДУИ, и Драгица Ѓавочанова, Зеќир Рамчиловиќ, Белкиса Зеќири, Славјанка Петровска, Снежана Калеска Ванчева и Мирослав Богдановски од владејачката коалиција „Можеме“.

Тужбите, со кои се бара поништување на овие спорни поединечни управни акти и враќање одново на процедурата за верификација, се поднесени врз освнова на чл. 3, ст. 1, ал. 4–5, а во врска со чл. 4, ст. 1, ал. 1 од Законот за управните спорови (2019), а како причина за утужувањето се наведени и документирани апсолутно суштествени и неотстранливи процесни повреди на постапката – т.е. бидејќи во постапката која му претходеше на носењето на актите флагрантно се прекрши процедурата за верификација на мандатот на нов пратеник за остаток од мандатот, кој доаѓа на местото на друг пратеник од истата кандидатска листа и воопшто не се постапи според правилата на постапката кои се детално регулирани со закон и со Деловникот на Собранието.

Во прилог на оваа наша теза, дека има неотстранливи „грешки во чекори“ во процедурата, говори и фактот што самото Собрание на РМ, по нашите процедурални интервенции на пленарната седница, си ја увиде својата флагрантна грешка и повреда на чл. 17 од Деловникот, па после првата спорна тура на вакви осум контроверзни верификации, веќе во следните два идентични случаја на верификација на остаток на мандат (на пратениците Емилија Рамбабова и Диме Велковски) – го поправи своето недопустливо однесување, доставувајќи не коректен Извештај од непостоечката Верификациона комисија, туку од надлежната Комисија за деловнички и мандатно-имунитетни прашања – што, пак, доведува до еклатантна повреда на уставното начело на владеење на правото и правната сигурност, затоа што за една иста пропишана фактичка и правна ситуација недозволиво се воведува различна парламентарна пракса, т.е. два сосема различни механизми на верификација.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

Од МВР најавуваат дека има засилени полициски контроли од страна на републичката полиција со цел почитување на мерките.

Комисијата за заразни болести предлага да се отворат два нови оддели во „8 Септември“

Комисијата за заразни болести предлага да се отворат два нови оддели во болницата...

Секој ден е нов пик. За една недела имаме над 2.000 заболени, а Филипче кој тврдеше дека толку ќе биде бројот на заразени во тек на цела пандемија, не гледа причина да си поднесе оставка.

Филипче го внесува системот во хаос, бараме одговорност!

Во денешното соопштение Вмро-Дпмне обвинува дека бројката од 22 починати од ковид-19...

Очигледно за многу наши соседи во Скопје, митовите за комунистичкиот отпор се основа за нивниот „етнички идентитет“.

Ковачев: Наместо „бугарски фашистички окупатор“, на спомен плочите да пишува „германски нацистички окупатор“

Бугарскиот Европратеник Андреј Ковачев на Фејсбук предложи сите плакети и споменици...