
Македонија
Вести
ПОЕВТИНИ СТАНОВИ ЗА БИТОЛА!
На денешната седница на Влада усвоивме одлука со која становите што ги гради ЈП за станбен и деловен простор ќе се продаваат по реални цени.
– 65 стана ќе се продаваат по 1000 евра за метар квадратен
– 11 дуќани по 2000 евра за метар квадратен
– 71 паркинг место по 500 евра за метар квадратен
Со ова вршиме интервенција во пазарот за недвижности во Битола и запирање на лудилото на зголемувањето на цени на станови!
Очекувам исти или слични активности и во други општини во периодот што следи, пишува во својата објава Николоски.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.