Влада

Објавил: Калина Мартинска | 13 септември, 2024 14:25

Поевтинувањето на земјоделските прехрамбени производи од следната недела

Фото/Текст извор: ©magazin.mk

Есенската потрошувачка кошница ќе биде позната од понеделник, како и замрзнувањето на цените и ограничувањето на маржите, најави министерот за економија и труд, Бесар Дурмиши, денеска, кој престојува во посета на Гостивар.

„Денеска, рабоотната груба од министерствата за економија, за земјоделство и секорот за финансии уште работат, таа работна група е во тек со оваа програма, в понеделник ќе имаме јасен одговор и документот или предлогот ќе биде доставен во вторник на Влада и таму ќе се усвои оваа одлука и ќе бидат известени граѓаните“, рече Дурмиши.

Премиерот Христијан Мицкоски потврди дека покрај есенска, ќе има и пролетна кошничка, истакнувајќи дека Владата е подготвена да му излезе во пресрет на стопанството со одложување на примената на Законот за нефер трговските практики.

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.