На предлог на Министерството за економија вчера донесе одлука за ограничени маржи што ќе важат заклучно со 30 септември годинава.

Владата со ограничување на трговските маржи на основните прехранбени производи на 5 до 10 отсто повторно ќе се обиде да го спречи растот на цените на производите.

– Во консултација со бизнис заедницата и по координација со надлежните институции донесовме Одлука според која заклучно со 30 септември 2022 година за леб бел – сечен на парчиња или цел, шеќер бел како и сончогледово масло за јадење (без ладно цедено масло се утврдува трговска маржа во висина до 5 отсто во трговијата на големо и на мало. За брашно од пченица – тип 400 и тип 500, макарони и шпагети од тврда пченица, македонски ориз бел, трајно кравјо млеко со масленост од 2,8, 3,2 и 3,5 отсто и јајца од кокошка за сите трговски друштва и трговци поединци кои учествуваат во трговскиот синџир, се утврдува трговска маржа во висина до 10 проценти во трговијата на големо и на мало, информира вчера министерот за економија Крешник Бектеши.

Според одлуката, како што нагласи министерот, се предлага рабатот и надоместоците да не се одобруваат до 31 декември 2022 година.

Порача дека мерките секогаш се носaт во консултација со стопанските комори.

-Не е фер кон потрошувачите во текот на 24 часа да има зголемување на цените од 80 проценти кога нема зголемување на оперативните трошоци, ниту пак на суровините. Цените на суровините државата ги следи при влезни фактури од страна на Царинската управа. Ние не сме забележале дека од 31 мај до 1 јуни толку се зголемени влезните фактури. Мислам дека доволно или повеќе од доволно е пет отсто да се има маржа за основни прехранбени производи во време на криза, посочи Бектеши.

Објавил: Мате Парлоф | 16 јуни, 2022 18:43

Поевтин леб и зејтин до 30 септември

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

На предлог на Министерството за економија вчера донесе одлука за ограничени маржи што ќе важат заклучно со 30 септември годинава.

Владата со ограничување на трговските маржи на основните прехранбени производи на 5 до 10 отсто повторно ќе се обиде да го спречи растот на цените на производите.

– Во консултација со бизнис заедницата и по координација со надлежните институции донесовме Одлука според која заклучно со 30 септември 2022 година за леб бел – сечен на парчиња или цел, шеќер бел како и сончогледово масло за јадење (без ладно цедено масло се утврдува трговска маржа во висина до 5 отсто во трговијата на големо и на мало. За брашно од пченица – тип 400 и тип 500, макарони и шпагети од тврда пченица, македонски ориз бел, трајно кравјо млеко со масленост од 2,8, 3,2 и 3,5 отсто и јајца од кокошка за сите трговски друштва и трговци поединци кои учествуваат во трговскиот синџир, се утврдува трговска маржа во висина до 10 проценти во трговијата на големо и на мало, информира вчера министерот за економија Крешник Бектеши.

Според одлуката, како што нагласи министерот, се предлага рабатот и надоместоците да не се одобруваат до 31 декември 2022 година.

Порача дека мерките секогаш се носaт во консултација со стопанските комори.

Не е фер кон потрошувачите во текот на 24 часа да има зголемување на цените од 80 проценти кога нема зголемување на оперативните трошоци, ниту пак на суровините. Цените на суровините државата ги следи при влезни фактури од страна на Царинската управа. Ние не сме забележале дека од 31 мај до 1 јуни толку се зголемени влезните фактури. Мислам дека доволно или повеќе од доволно е пет отсто да се има маржа за основни прехранбени производи во време на криза, посочи Бектеши.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Економија

Министерот посочи дека тековните трансфери и субвенции се планирани на ниво од 204,5 милијарди денари, односно повеќе за 7,8 отсто или за околу 14,7 милијарди денари.

Бесими: Предлог буџетот за 2023 година се темели на цврстата определба за одржување на макроекономската стабилност

Предлог буџетот за 2023 година со сеопфатен план е насочен кон ублажување на последиците...

-Во делот на тој импут, тоа што моментално го имаат е двојно пониска и согласно таа формулација најверојатно ќе бидат намалени цените на финалните производи.

Бектеши: Најверојатно ќе бидат намалени цените на производите

Министерот за економија, Крешник Бектеши денеска информира дека во формулација на...

Со овој сет антикризни мерки по 3.000 денари месечно во нареднте четири месеци ќе добиваат лица кои користат право на социјална сигурност, лица кои го користат правото за попреченост, родители на децата со попреченост до 26 годишна возраст кои користат право на посебен додаток, лицата со попреченост кои користат право за

Помош од три илјади денари за социјално загрозените граѓани во следните четири месеци

Финансиска помош ќе има сите ранливи категории граѓани и за пензионерите. Олеснување...