Став

Објавил: Калина Мартинска | 23 март, 2025 17:44

Поединци кои собираат политички поени или лајкови, не треба ние да ги учиме како треба, смета Белески

Фото/Текст извор: ©magazin.mk

Денови на жалост се, не знам како вие е на вас, но мене срцево ми се кине кога само ќе помислам на тоа што се случи на 16.03.2025 во Кочани- пишува Васко Белески.

Неговиот став искажан на социјалните мрежи ви го пренесуваме во целост:

„Не ми се отвора повеќе ни социјална мрежа кога го гледам неодговорното однесување на поединци — кој собира политички поени, кој се сити, а кој собира лајкови кои се имагинарни и не важни за животот.
Читам многу апели како што треба да се постапува, но, добри луѓе, ајде да бидеме искрени: дали треба НИЕ некого да учиме како да се однесува?

Ако тој не го научил тоа дома, од дома се учи да се каже “добар ден”, од дома се учи дека на улица не се остава ѓубре, од дома се учи кога некој не е до тебе, не се озборува, од дома се учи дека оценката што ќе ја добиеш треба да ја заслужиш, а не да ти ја купат.

Од дома се учи дека треба да чекаш во ред и да ги почитуваш оние што дошле пред тебе; општа култура е да паркираш каде што е нацртано, а не каде што ќе ти текне. Општа култура е да возиш како што пишува, а не како што ќе ти текне; општа култура е на црвено да чекаш и да ги почитуваш пешаците. Морал е да се бориш како граѓанин против дрогата, а не да ја користиш истата за да дојдеш до пари.
Лојалност е, ако си на функција, да му служиш на народот, а не тој да ти служи тебе.

Ценам дека, ако сите овие работи ги почитувате( ме) и не сте се пронашле во ниту една точка од другата страна, тогаш обврска и право е да ги коригирате и другите.
А ако не, тогаш гасете Фејсбук, наведнете ја главата и молете се, барајте ги грешките кај себеси и помогнете им на другите.

Јас така гледам кај себе: прво своите грешки, а потоа, ако е можно, ги коригирам другите. Бидејќи според мене, само тоа е вистинската водилка во животот — не му прави на никого нешто што не сакаш тебе да ти го прават.

Да се помолиме уште еднаш за трагично загинатите; нека почиваат во мир, а нивните души нека најдат мир таму горе на небото” пишува Белески на социјалната мрежа ФБ.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести