
Македонија
Вести
Голем пожар вечерва избувна во Струмица покрај градските гробишта, јавија локалните медиуми.
Пожарот избувнал во реонот понаселбата меѓу Софилар, градските гробишта и се движи кон Баница. Гори на три страни. Пожарот брзо се ширел од силниот ветер. Засега нема информации како избувнал пожарот.
Од Противпожарната единица од Струмица ја потврдија информацијата за МКД.мк, но за причината и деталите рекоа дека ќе ги даде портпаролот во текот на утрешниот ден.
Според достапните информации, сите противпожарни екипи од Струмица се на терен, а напомош пристигнуваат и пожарникари од други градови.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.