Како што објави ТЕРА, кај ридот над Битола попладнево голем чад. Од противпожарната единица велат дека кај нив било пријавено дека бил запален отпад веднаш после тунелот на обиколницата над градот.

Објавил: Валерија Петрова | 8 јуни, 2019 21:01

Пожар во Македонија

Фото/Текст извор: ©онлајн магазин

Попладнево беснееше пожар кај тунелот на патот над Битола.

Како што објави ТЕРА, кај ридот над Битола попладнево голем чад. Од противпожарната единица велат дека кај нив било пријавено дека бил запален отпад веднаш после тунелот на обиколницата над градот.

За потсетување, во март регистрирани 128 пожари на територија на цела Македонија, соопшти директорот на ЈП Македонски Шуми.

Според податоците на Секторот за заштита на шумите, надзор и внатрешна контрола во текот на март се регистрирани 128 пожари на територијата на целата држава, што е најголем број на шумски пожари во тек на еден месец години наназад.

Од нив, како што вели Зоран Ѓорѓиев, директор на ЈП Македонски шуми 47 се навлезени во шума и има сериозни штети по дрвната маса. Останатите 81 пожар се предизвикани надвор од шумата, a од нив поголем дел- 55 завршиле во шума.

Од пожарите опожарена е вкупна површина од 2817ха. Опожарена е и дрвна маса од 3250 м3, со што е причинета штета од 53 и петсто милиони денари.

-Тоа значи дека во месец март шумско земјиште и шума горелe на територијата на целата држава. Пожар на отворен простор е секое неконтролирано горење на шума и шумско земјиште, без оглед на зафатената површина, интензитет и причина за негово настанување, кое опфаќа и горење на земјоделска површина и пасиште, поблиску од 200 метри до работ на шумата. Шумски пожар е секое неконтролирано горење на шума, шумско земјиште без оглед на зафатената површина, интензитет и причина за негово настанување. Според овие дефиниции за пожар – шумски пожар е појава која сериозно го нарушува животот и здравјето на луѓето, неповратно го уништува шумскиот потенцијал, ја деградира природата и животната средина и причинува значителни материјални штети и финансиски трошоци, вели Ѓорѓиев.

Тој појаснува дека најчест причинител за појава на шумски пожар во 99 отсто од случаите е човекот, додека громот и самозапалувањето како причина за настанување на пожар учествуваат само со 1 отсто.

-Пожари предизвикани од човекот може да бидат намерни-подметнати пожари и ненамерни-од невнимание при палење на стрништа, палење пасишта, фрлени опушоци, сообраќајна незгода, искра од алат при работа, искра од електрични далеководи, приготвување скара во шума, палење логорски оган, палење депонии… Годинава скоро сите пожари се предизвикани или од невнимание, или од палење на стрништа, пасишта и земјоделски површини и тоа надвор од шума, а кај 47 од пожарите имаме навлегување и зафаќање на шумите, истакнува директорот на ЈП Македонски Шуми.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Инциденти

Маж во безсознание лежел покрај автопатот Скопје- Куманово, па откако го забележале лицето било пренесено на Клиника каде е утврден неговиот идентитет.

Избодено дете во ЈСП – лекарите се борат за неговиот живот, и маж во бесознание итно пренесен во болница

Крвав инцидент во градскиот превоз во Скопје. Според информаците на МВР, три лица се...

Превземени се мерки и активности при што е констатирано дека 50 возачи управувале возила со брзина поголема од дозволената.

И покрај контролите на МВР – скопските улици се уште се како фронт во кој страдаат возачите

Македонската полиција со полни раце работа, секој ден билтенот на МВР е полн со инциденти...

За време на мечот настанал инцидент, причината е недосуден офсајд за домашниот тим, по што фанови влетале во терен.

ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА ДЕБАРЦА СО ДЕТАЛИ: Апелирам да не се политизира настанот, или да се поврзува со политички процеси

По немилиот настан кој се случи во Охрид со приведени навивачи и играчи од фудбалски...

Пред полициската станица во Охрид во моментов се наоѓаат триесетина соселани, роднини и пријатели на тројцата уапсени вечерва.

ПОЛИТИЧКИ РЕВАНШИЗАМ: Приведени фудбалери и навивачи – блокиран влезот кон СВР Охрид!

Еден фудбалер на ФК Волино е меѓу приведените кои во моментов се наоѓаат во охридската...